Ана Стојанова го покажа лицето со несовршености: „Лицето е нешто од кое сè уште се срамам - време е за самоприфаќање“
- Детали
- четврток, 14 октомври 2021
„Не знам од каде да почнам, имам трема... Знам колку е тешко да се објави нешто од што се срамиш, нешто што упорно си го чуваш во себе и те јаде однатре...“, ја започнува својата приказна искрено Ана Стојанова од Велес.
Ана Стојанова од Велес со години работи како онлајн фитнес тренер и веќе има армија жени, кои ги следат нејзините режими на исхрана и тренинзи.
На фотографиите и видеата кои ги споделува на својот Инстаграм профил таа секогаш изгледа совршено.
Сепак, сега се охрабри и реши искрено да проговори за проблемот што го има со години.
Таа призна дека ја мачат несовршеностите на кожата и дека постојано користи филтри на Инстаграм или пак го прикрива проблемот со помош на шминка.
Ана Стојанова овојпат покажа како реално ѝ изгледа кожата на лицето и ги охрабри сите девојки кои се соочуваат со ист или сличен проблем да не очајуваат и да знаат дека постојат и други жени што ја водат истата битка.
Ана порача дека е време за будење, самоприфаќање и искреност:
„Не знам од каде да почнам, имам трема...“, ја започнува таа серијата видеа на Инстаграм Стори.
„Знам колку е тешко да се објави нешто од што се срамиш, нешто што упорно си го чуваш во себе и те јаде однатре.
Ова сум вистинската јас, лицето беше и сè уште е нешто од кое се срамам. Сфатив дека луѓето кои ме следат имаат некоја замислена и перфектна слика за мене, а тоа ми создаде дополнителна несигурност и депресија.
Решив денес да го пуштам товарот кој го носам со години, нека биде ова мојата слика за лична трансформација.
И покрај објавената слика јас сè уште се снимам со филтер, ова е ново за мене и ми треба време сето тоа да го испроцесирам, целосно да се ослободам од товарот.
На крајот од денот секој од нас има нешто што си го крие и си го носи во себе.
Кај други луѓе прво нешто што забележуваме е токму она што ни фали нас. Или она од што се срамиме. Лицето е нешто што јас си го носам како товар и тоа е првото што го приметувам кај другите.
Ми треба вашата поддршка повеќе од кога било. Секогаш самата јас си се ставам на последно место, ама не и овојпат. Јавно и со вас ќе минам низ овој процес на средување на лицето со помош на ласер. Чувствувам огромно олеснување.
Да го следиме заедно овој процес, мојата трансформација ќе биде јавна, а јас ќе сум брутално искрено со мојата публика.“, вели Ана Стојанова.
Ана вели дека инспирацијата јавно да говори ја добила од младата Кике Цветче која одблиску ги покажа стриите на своето тело по слабеењето и со тоа ѝ покажала дека е време за самоприфаќање - погледнете ги искрените фотки на Кике ТУКА.
Повеќе фотки од Ана на следната страна...
Би можело да ве интересира:





