Девојки од Македонија и светот гордо позираат со своите „несовршености“ (фото)
Кога се чувствувате лошо во врска со никој детаљ од вашето тело, не заборавајте дека вие сте вашиот најголем критичар.
Голем нос, искривени заби, стрии, стомаче – речиси и да не постои девојка или жена која не мрази дел од своето тело.
Поради некоја причина, сите копнееме по совршенство за кое знаеме дека не ни постои и кога не ги исполнуваме овие нереални стандарди, се чувствуваме лошо и пробуваме да ги скриеме „несовршеностите“.
Но, сè почесто гледаме девојки и жени кои не само што престануваат да ги кријат нивните „недостатоци“, туку гордо ги покажуваат и ги слават бидејќи, сепак, тие се дел од нив.
Ако денес се чувствувате несигурно поради некој детаљ во изгледот, себеприфаќањето на овие девојки и жени ќе ви ја врати самодовербата:
Ана Стојанова, која е една од најпознатите фитнес тренери во Македонија, прозборе за битката со акните и храбро го покажа „несовршеното“ лице, порачувајќи дека е време за себеприфаќање.
Македонската инфлуенсерка Кике Цветче отсекогаш била отворена за нејзиниот здрав начин на слабеење, а неодамна направи фотосесија на која ги покажува стриите кои се нормален дел од секое женско тело.
-->
-->
Други девојки од светот кои се сакаат себеси со сите несовршености:
„Некогаш сакам да направа ринопластика. Но, најчесто не можам да се замислам себеси без овој нос бидејќи одлично му стои на моето лице“.
-->
„Цели 10 години ме исмејуваа за мојата коса, поради што почнав да си ја бричам главата. Но, сега ги пуштив локните да ми пораснат и многу ги сакам“.
„Научив да си ги сакам пегите“.
„Среќна сум и самоуверена. Денес дури мислам и дека носот ми изгледа многу убаво!“
„Мама ми рече да ја избришам фотката од Фејсбук бидејќи сум изгледала дебело и ќе ја виделе нашите роднини. Не ја бришам бидејќи не ме ни интересира што мислат роднините“.
Продолжува на следната страница...
-->
Би можело да ве интересира:

12 жени кои отишле во непроверен салон за убавина и зажалиле (фото)
Ужасно лош маникир, шминка која личи како да ја правело дете, а не шминкер - иск...

14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото)
Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...

Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото)
Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...

Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих
Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...

4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса
Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...

Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето?
„Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...