3 класични фризури кои не го издржаа тестот на времето и не се во мода (фото)

Трендовите се менуваат, но убавата негувана коса е класика кон која се стремат голем број на жени. Сепак, постојат одредени правила кога станува збор за стилизирање на долгата коса.

Tri-klasicni-frizuri-koi-ne-go-izdrzaa-testot-na-vremeto-01.jpg

Не е доволно само да ја оставите вашата коса да расте. Постојат различни фризури со кои долгата коса може да изгледа добро, но и очајно.

На што треба да внимавате?

Премногу долга коса

Косата која достигнува речиси до половината може да изгледа неуредно и суво.

Освен тоа, косата најчесто е со иста должина, а самата фризура нема убава структура, поради што изгледа тенко и слабо.

За поголема исполнетост и волумен, косата не треба да биде предолга. Убава должина е, на пример, до градите.

На овој начин косата може побрзо и подобро да се обликува, а исто така да изгледа поздраво.

Коса со една должина

На косата ѝ треба структура и затоа би било идеално да е шишана во слоеви.

Сепак, тоа не значи дека таа треба да изгледа како од деведесеттите. Малите промени обично прават чуда.

Со добро слоевито потшишување, косата веднаш изгледа поживо и подобро дури и кога е навиткана.

Тогаш паѓа природно поубаво и не ѝ треба некој особено раскошен стајлинг.

Патец на средината

Фризурата која вклучува долга коса со патец на средината може да изгледа одлично, но кога на фризурата ѝ е потребна поголема живост, се препорачува да додадете шишки.

Особено за жените со високо чело, шишките се вистинскиот избор. Тие го врамуваат лицето и на тој начин го ставаат фокусот на него.

Шишките, исто така, прават вашата коса да изгледа повозбудливо.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...

Најчитани неделава