Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кокосово масло за коса – за што служи, дали има негативни ефекти и како да го користите?

Кокосовото масло е популарно и застапено во многу козметички производи, но и самото може да биде одличен производ за нега на кожата на лицето и телото, а и за косата.

kokosovo-maslo-za-kosa-za-shto-i-kako-da-go-koristite-01.png

Кокосовото масло го намалува губењето на протеини и ѝ помага на косата да го задржи здравиот сјај.

Има и одреден СПФ фактор и на тој начин заштитува од изложување на сонце. Таа бројка на заштитен фактор се движи некаде помеѓу 8 и 10.

Кокосовото масло е познато и по своите антимикробни својства, односно ако внимателно го масирате скалпот со него, може да ви помогне да се ослободите од првутот.

Како да го користите?

Ако сакате да го спречите оштетувањето на косата при миењето и сушењето, тогаш е подобро да го нанесете пред да ја измиете косата. На тој начин се намалува количеството на вода кое косата ќе го впие.

Нанесувањето на кокосовото масло на веќе измиена, мокра коса, само на врвовите, помага косата да остане мазна, мека и сјајна.

Привремено може да го замените и регенераторот со него. По вообичаеното миење со шампон, на мокра коса нанесете малку кокосово масло и оставете го неколку минути. Потоа исплакнете.

kokosovo-maslo-za-kosa-za-shto-i-kako-da-go-koristite-02.jpg

Дали има негативни ефекти?

Со ништо не треба да се претерува, па така ниту со него. Пречестото користење, односно секојдневно, може да доведе до претерано мастење на влакното.

Идеално е да го нанесете 2-3 пати месечно.

Колку кокосово масло е идеална количина?

Грубо кажано, 1 лажичка е доволна за кратка коса, а 2 лажички за подолга коса.

kokosovo-maslo-za-kosa-za-shto-i-kako-da-go-koristite-04.jpg

Маски за коса од кокосово масло:

Кокосово масло + мед

Оваа маска може да ја правите во различни размери, а одлично делува ако ја нанесете на целата коса, оставите 15 минути да делува и ја измиете со млака вода.

Кокосово масло + јајце

Добро измешајте 1-2 лажички кокосово масло со 1 јајце и нанесете на целата коса. Уште подобро би било да се нанесе кога влакната се мокри. Оставете 20 минути и темелно исплакнете.

kokosovo-maslo-za-kosa-za-shto-i-kako-da-go-koristite-03.jpg

Имајте на ум дека секогаш е најдобро да користите ладно цедено или нерафинирано кокосово масло, наместо преработено.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 мажи чиј лик потполно се смени со новата фризура (фото) Едни пуштаат коса, други ја бричат главата бидејќи почнале да ќелават, а трети с...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
12 дами кои покажаа дека се убави и со седа коса (и не се срамат од белите влакна) „Имам 34 години и веќе 18 месеци ја растам седата коса - никогаш не сум имала по...
Боја на коса која ќе биде хит во 2025 – за дамите кои сакаат луксузен и богат изглед Впечатлива и богата, а истовремено топла и пријатна чоколадна нијанса е бојата к...
Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото) Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg