Девојка си лепи гума за џвакање во косата - демонстрира трик како да ја отстраните (видео)
Кога ненадејно гума за џвакање ќе ви заврши во косата, по автоматизам фаќате ножички, зарем не? Но, не брзајте, еден експерт за коса открива трик како со еден продукт за коса, што го имате дома, да ја отстраните гумата за џвакање.
Мелиса Енгр од САД, сертифициран едукатор за здравје, повеќе од 22 години покрај со другото, се занимава и со здравјето на косата.
Таа на својот ТикТок профил дава разни совети на оваа тема, а особено интересен е оној во кој открива што треба да направите ако во косата ви се залепи гума за џвакање.
Мелиса оди дотаму што отвора гума за џвакање, ја џвака, па си ја лепи во косата. Вели дека овој трик многу ќе им користи и на родителите да им помогнат на децата кога гума за џвакање ненадејно ќе им заврши во косата.
Таа вели дека трикот за справување во ситуацијата е пената за коса.
Демонстрира како треба да нанесете пена, да ја истриете и потоа со чешел полека да отстранувате.
Пената ја разградува гумата за џвакање, а Мелиса за овој трик доби низа пофалби, дури и од стилисти кои велат дека не знаеле за ова.
Нејзиното видео упатство, кое сигурно ќе ви помогне некогаш:
@mabrowsandhair Here is a handy little tidbit to keep in your back pocket? #mabrowsandhair #hairlosstiktok #hairhack #hairhacks #hairtipsandtricks ♬ original sound - Melissa
;
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





