Кои се придобивките од серумите за лице и како правилно да ги користите?

Денес постојат серуми за сечии потреби – за хидратација на кожата, за спречување на појавата на брчки, за заштита на кожата… А, поради лесната текстура, тие не го мрсат лицето и можат да бидат одличен продукт ако имате многу чувствителна кожа.

koi-se-pridobivkite-od-serumite-za-lice-i-kako-pravilno-da-gi-koristite-01.jpg

Во последно време, серумите за лице се еден од најпопуларните продукти. Се верува дека со нивно користење можат да се намалат брчките и да се подобри состојбата на кожата, ако почнат да се нанесуваат навреме.

Па, дали е ова вистина и дали има потреба да користите серум?

Што претставува серумот за лице?

Серумот е поразличен од кремовите за лице.

Серумот има полесна текстура, односно е поредок, а притоа содржи поголемо количество активни состојки од кремот за хидратација.

Овие активни состојки варираат според типот на кожа за којшто е наменет серумот. На пример, некои содржат витамин Ц, а некои содржат хијалуронска киселина.

Според експертите, благодарение на поголемата концентрација на активни состојки, тие подобро навлегуваат во кожата. Поради ова, можно е побрзо да видите резултати ако користите серум наместо само крем со истите состојки.

koi-se-pridobivkite-od-serumite-za-lice-i-kako-pravilno-da-gi-koristite-02.jpg

Кои се придобивките?

Во зависност од типот на вашата кожа, можете да почувствувате разни придобивки од серумот за лице.

Според истражувањата, некои од најчестите се:

Брзо се апсорбира. Поради полесната текстура, серумот се апсорбира многу побрзо отколку кремот за лице. Ова може да биде особено корисно ако имате мрсна кожа.

Ја смирува кожата. Серумите можат да бидат подобар избор за луѓето со акни и чувствителна кожа.

Ја намалува појавата на мали брчки. Некои серуми содржат состојки како ретинол кои можат да го забават појавувањето на мали брчки на лицето.

Ја штити кожата од оштетување. Серумите кои имаат состојки како витамин Ц, витамин Е, зелен чај и слично можат да ѝ дадат заштита на кожата од УВ зраците и од загадувањето на воздухот. Секако, ова не значи дека треба да го изоставате кремот со заштитен фактор – серумот не ја нуди истата заштита.

Може да делува побрзо. Поради високата концентрација на активни состојки, најверојатно побрзо ќе видите резултати. Уште подобро ако го комбинирате серумот со хидратантен крем со истите активни состојки.

Не го мрси лицето. За разлика од повеќето кремови, особено во летно време, од серумот нема да се соочите со мрсење на лицето. Всушност, минута-две откако ќе го нанесете, нема ни да го чувствувате.

koi-se-pridobivkite-od-serumite-za-lice-i-kako-pravilno-da-gi-koristite-03.jpg

Какви серум постојат и како да го изберете вистинскиот?

Постојат многу видови серуми со разни активни состојки. Секако, треба да одберете серум според типот на вашата кожа, а доколку не сте сигурни, секогаш е добро да се консултирате со дерматолог.

Серуми против стареење: го поттикнуваат обновувањето на кожата и производството на колаген. Најчесто имаат состојки како ретинол.

Серуми за осветлување на кожата: овие серуми го изедначуваат тенот на кожата, а главните состојки најчесто се витамин Ц, млечна киселина, гликолна киселина и слично.

Серуми за хидратација: ја хидрираат кожата и прават да изгледа свежо, па дури и помладо. Најчесто содржат витамин Б5 со чија помош кожата изгледа многу помазно.

Серуми кои штитат од слободни радикали: овие серуми имаат антиоксиданти кои ја спречуваат штетата од слободните радикали. Нивните активни состојки обично се витамини Ц, А и Е.

Серуми за акни и чувствителна кожа: овие серуми најчесто содржат салицилна киселина или слични активни состојки од растително потекло. Некои имаат и ниацинамид (вид витамин Б) кој има смирувачко дејство.

koi-se-pridobivkite-od-serumite-za-lice-i-kako-pravilno-da-gi-koristite-05.jpg

Како да го користите серумот?

Според експертите, најдобро е да го користите серумот како основа пред да ставите продукт со погуста текстура, како крем за лице, крем со заштитен фактор или шминка.

koi-se-pridobivkite-od-serumite-za-lice-i-kako-pravilno-da-gi-koristite-06.jpg

Бидејќи секој серум е различен, препорачливо е да ги следите и инструкциите на амбалажата за тоа колку често да го користите.

На пример, ако користете серум против стареење, подобро е да го нанесувате навечер бидејќи така дава подобри резултати.

Серумите за хидратација е препорачливо да ги користите наутро и навечер.

Серумите за изедначување на тенот и серумите кои ја штитат кожата е подобро да ги ставате наутро.

Добро е и да се консултирате со дерматолог кој ќе ви помогне да го најдете најдобриот серум за вас, но и ќе ви каже како да го користите правилно за максимален ефект.

koi-se-pridobivkite-od-serumite-za-lice-i-kako-pravilno-da-gi-koristite-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
Практичен водич за најупотребуваните серуми за лице – што да одберете за вашата кожа? Постојат серуми за лице со безброј состојки, па може да биде навистина тешко да ...
Чај од бел трн, кефир: Како кожата на Марго Роби изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“? Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barb...
5 продукти за нега на лице што ја прават кожата мазна и чиста, според дерматолог Серумот со витамин Ц, но и кремот со заштитен фактор се едни од најважните проду...
10 навики за нега и убавина на Бразилките поради кои имаат прекрасна кожа и изгледаат помладо Бразилките пијат вода од кокос, не излегуваат од дома без заштитен фактор дури и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg