Хит кај девојките: Како со коректорот да направите ефект на проѕирен ајлајнер? (видео)

Оваа необична техника на шминкање подразбира проѕирна „туш“ линија која се постигнува со помош на коректор и природна боја на капакот за суптилно обликување на очите.

hit-kaj-devojkite-kako-so-korektorot-da-napravite-efekt-na-prodziren-ajlajner-video-01.jpg

Ако нешто научивме од TikTok, тоа е дека постои многу повеќе од еден начин во користењето на одреден производ за шминка. Дури и најосновните производи можат да имаат повеќекратна употреба. Што е безбоен ајлајнер и како се нанесува?

Очигледно коректорот може да направи многу повеќе отколку да ги камуфлира темните кругови и да ги избледи флеките. Со негова помош може да се создаде ефект на проѕирен ајлајнер.

Техниката се заснова на креирање линија за очи со помош на коректор и природната боја на капакот за суптилно обликување на очите.

Ова е нешто што може секој да го направи, најверојатно со производи што веќе ги има во несесерот, едноставно и ефектно. Очите изгледаат „побудно“ и отворено. Аплаузот оди кај креаторката и шминкерка на TikTok, Маи Ахтар.

Како да го постигнете овој изглед?

Најдете ја точната нијанса на коректор, слична на бојата на вашата кожа, но неколку нијанси посветла. Мора да биде посветла од бојата на вашиот очен капак.

Со коректорот и со тенка коса четка направете линија од долниот агол на очите и една по работ на горниот капак и поврзете ги во една точка. Оставете простор помеѓу без полнење како обичен молив за очи, бидејќи вашата природна боја е всушност вашата основа.

Кога ќе го постигнете посакуваниот облик на ајлајнер, земете ја истата четка и изблендирајте ги рабовите на „крилото“ за да остане доволно остро.

Видео упатство:

@maytahmi When ur darker eyelids become useful x #editorialmakeup #linertutorial #eyeliner #makeuphacks ♬ Music For a Sushi Restaurant - Harry Styles

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
5 тренди бои на коса кои се идеални за постудено време Суптилно нијансирање на вашата природна боја ако сакате нешто поедноставно или н...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Грешки со коректор што ви ја уништуваат шминката (и прават да изгледате постаро) Ставате многу светол коректор или го нанесувате на целото лице, како пудра. С...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава