Што ѝ прават сулфатите на вашата коса и зошто ги има во шампоните?

Сулфатот е состојка што ја има во многу шампони за коса и додека генерално се безопасни, во некои случаи е препорачливо да ги избегнувате.

shto-i-pravat-sulfatite-na-vashata-kosa-i-zoshto-gi-ima-vo-shamponite-01.jpg

Сулфатите се хемикалии кои производителите ги користат како средства за чистење или пенење. Многу производи за хигиена, како што се паста за заби и шампони, содржат сулфати.

Што ѝ прават сулфатите на вашата коса?

Сулфатите се корисни за да му помогнат на шампонот да се измеша со вода и се одговорни за пенестата текстура што ја добивате кога ја миете косата.

Исто така, може да им помогне на сите активни состојки во шампонот да делуваат подлабоко во косата за да ги отстранат нечистотијата и вишокот маснотии.

Најчестите сулфати кои се наоѓаат во шампоните купени во продавница вклучуваат натриум лаурил сулфат или натриум лаурет сулфат.

Други производи може да содржат и мали варијации на овие соединенија. Овие не се вистински сулфати, но ја извршуваат истата улога.

shto-i-pravat-sulfatite-na-vashata-kosa-i-zoshto-gi-ima-vo-shamponite-03.png

Дали сулфатите се опасни?

Сулфатите му помагаат на шампонот да ги отстрани мастите и нечистотијата од косата. Но сепак, косата треба да задржи малку од своите природни масла и влажност за да остане здрава.

Сулфатите може да ја отстранат влагата од косата, оставајќи ја косата сува. Тие исто така може да го направат скалпот сув и склон кон иритација. 

Постои верување дека сулфатите можат да се акумулираат во организмот и да предизвикаат здравствени проблеми, но ова најверојатно не е точно.

Додека сулфатите можат да се акумулираат, ова количество е занемарливо и засега нема докази дека предизвиквуа сериозни проблеми со здрвјето. 

shto-i-pravat-sulfatite-na-vashata-kosa-i-zoshto-gi-ima-vo-shamponite-02.png

Кој треба да избегнува шампони со сулфати?

Иако се генерално безопасни, за некои луѓе сепак е препорачливо да избегнуваат продукти со сулфати. 

Луѓе со кожни заболувања или многу чувствителна кожа: Сулфатите не се навистина погодни за луѓе со чувствителна кожа или скалп. Ако имате кожни заболувања како егзема или псоријаза, вреди да се префрлите на шампон без сулфат. 

Луѓе со кадрава коса: Познато е дека сулфатите ја зголемуваат сувоста на косата и ги отстрануваат природните масла и влагата. Советите за кадрава коса секогаш наведуваат дека овој тип коса е веќе природно сува, а затоа е најдобро да одберете шампон без сулфати.

Луѓе со фарбана коса: Ако сакате да ја фарбате косата, тогаш сулфатите се големо „не“ за вас. Тие можат да предизвикаат бојата да избледе побрзо, што значи дека вашата свежа боја нема да трае долго и за многу краток период ќе треба пак да ја фарбате косата.

M. Г. | Црнобело / фото: pixabay.com

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...

Најчитани неделава