Трикови со кои ќе го намалите мрсењето на косата (за да не ја миете секој ден)

Кога се туширате, заштитете ја косата со капа и пробајте да намалите со продуктите за коса кои можат да ја извалкаат ако се акумулираат.

trikovi-so-koi-kje-go-namalite-mrsenjeto-na-kosata-za-da-ne-ja-miete-sekoj-den-01.jpg

Експертите препорачуваат дека идеално е да ја миеме косата еднаш, најмногу двапати неделно.

Ако сте навикнати да ја миете скоро секој ден, тешко дека би издржале цела недела.

Но, постојат трикови кои ќе ви помогнат да го намалите мрсењето на косата, а со тоа ќе ја намалите и потребата да ја миете неколкупати неделно.

Дел од нив во продолжение:

Ставете капа кога се туширате

Ако само ја соберете косата со шнола или стегач кога се туширате, на неа сепак може да заврши некоја капка шампон. А, бидејќи нема да го исплакнете овој шампон, косата ќе остане валкана.

Затоа најдобро е да ставите капа за туширање. Ако немате, можете и само да ја завиткате косата во најлонска кеса.

trikovi-so-koi-kje-go-namalite-mrsenjeto-na-kosata-za-da-ne-ja-miete-sekoj-den-02.jpg

Носете капи/шешири и собирајте ја косата во опавче

По неколку денови, косата нормално дека ќе изгледа мрсна.

Ако сакате да го одложите миењето уште малку, слободно соберете ја во опавче или скријте ја со капа, шешир, марама…

trikovi-so-koi-kje-go-namalite-mrsenjeto-na-kosata-za-da-ne-ja-miete-sekoj-den-03.jpg

Не претерувајте со продуктите за коса

Иако некои продукти не треба да се плакнат, имајте предвид дека со текот на времето ќе се акумулираат на косата и ќе ја измрсат.

Ако не сакате да ја миете косата многу често, ставајте и помалку продукти.

trikovi-so-koi-kje-go-namalite-mrsenjeto-na-kosata-za-da-ne-ja-miete-sekoj-den-04.jpg

Веднаш исушете ја косата ако случајно ја навлажните

Ако случајно ја навлажните косата додека миете лице, веднаш исушете ја со фен за да не изглед мрсна.

trikovi-so-koi-kje-go-namalite-mrsenjeto-na-kosata-za-da-ne-ja-miete-sekoj-den-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...
Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Широки колкови, дупка меѓу забите: Стандардите за убавина на жените низ земјите во светот Во Јапонија жената е привлечна ако има светол тен и ситни очи, во Доминиканската...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg