Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 29-09-2023


Природни состојки за убавина што ги користат жените од Блискиот Исток (и вреди да ги пробате)

Знаевте ли дека можете да користите кана наместо фарба за коса или етерично масло наместо парфем?

prirodni-sostojki-za-ubavina-shto-gi-koristat-zhenite-od-bliskiot-istok-i-vredi-da-gi-probate-01.jpg

Жените од Блискиот Исток се едни од најубавите. А, покрај гените, за ова заслужни се и нивните третмани за убавина.

Овие жени до денес преферираат да користат поприродни состојки кои можат да имаат одличен ефект.

Неколку природни состојки за убавина што им се омилени на жените од Блискиот Исток:

Кана наместо фарба за коса

Каната е растителна боја со црвенкаста нијанса, а жените од Блискиот Исток честопати ја користат за фарбање коса.

Ако сакате темнокафеава коса со црвенкаст сјај, можете да пробате кана.

Секако, каната нема ист интензитет како фарбите за коса и избледува побрзо, но ако сакате природна алтернатива за фарба, нема подобра.

prirodni-sostojki-za-ubavina-shto-gi-koristat-zhenite-od-bliskiot-istok-i-vredi-da-gi-probate-02.jpg

Мед како маска за лице

Медот е богат со состојки кои ѝ годат на кожата, а може да биде одличен за луѓе со акни или проблеми со кожата како егзема и псоријаза.

Исто така, медот има антибактериски својства и ја забрзува регенерацијата на клетките.

На лицето можете да ставите само мед, но и онлајн да најдете многу рецепти за домашни маски со други состојки. Сепак, бидете внимателни, не знаете како вашето лице реагира. 

prirodni-sostojki-za-ubavina-shto-gi-koristat-zhenite-od-bliskiot-istok-i-vredi-da-gi-probate-03.jpg

Нане како третман против акни

Листовите на нането содржат салицилна киселина и витамин А – состојки кои можат да го намалат лачењето масти на лицето.

Истовремено, антибактериските и антигабичните својства на нането ги намалуваат воспаленијата од акните.

За ваков третман ќе ви требаат свежи листови нане кои треба да ги издробите. Потоа ставете малку од смесата директно на акните, оставете да делува 10-тина минути, па исплакнете со студена вода.

Препорачливо е прво да направите тест, односно ставете малку од смесата на кожата на вратот за да проверите дали ќе ви се појави некаква алергиска реакција.

prirodni-sostojki-za-ubavina-shto-gi-koristat-zhenite-od-bliskiot-istok-i-vredi-da-gi-probate-04.jpg

Млеко или јогурт за зајакнување на косата

Млекото и јогуртот можат да бидат одлични состојки за нега на коса.

Протеините и липидите во нив ја зајакнуваат косата, додека калциумот го поттикнува растењето и го спречува паѓањето на косата.

Пред да ја измиете косата, измасирајте го скалпот со малку млеко или јогурт. Потоа темелно измијте ја косата.

prirodni-sostojki-za-ubavina-shto-gi-koristat-zhenite-od-bliskiot-istok-i-vredi-da-gi-probate-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Против акни, против брчки и уште 4 домашни маски за лице Маската од банана, куркума и мед е одлична за проблематична кожа со акни, додека...
4 причини зошто по миење косата не ви изгледа чисто и бујно како од салон Користењето многу шампон и миењето на косата со жешка вода се едни од главните п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg