8 грешки што треба да ги избегнувате кога сами ја фарбате косата

Немојте да се фарбате барем 24 часа откако ќе ја измиете косата и не се обидувајте да ја осветлите темната фарбана коса со посветла фарба.

8-greshki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-koga-sami-ja-farbate-kosata-01.jpg

Иако одењето во фризерски салон е наједноставниот начин да ја промениме бојата на косата, некогаш сакаме да експериментираме и дома.

Но, доколку се фарбате дома, мора да бидете свесни за некои грешки кои можат да имаат влијание врз крајниот резултат.

Осум грешки што треба да ги избегнувате:

Не ја земате предвид нијансата на вашата коса пред да ставите дречлива фарба

Дречливите фарби се ефикасни само на руса коса. Но, мора да имате предвид дека резултатот од фарбата може да варира во зависност од нијансата на русата коса.

Ако, на пример, вашата коса има жолта нијанса, кога ќе ставите сина, можно е да добиете зелена боја.

Поради ова, кога станува збор за дречливи бои, секогаш е побезбедно да одите на фризер.

8-greshki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-koga-sami-ja-farbate-kosata-02.jpg

Ја миете косата пред фарбање

Не треба да ја миете косата пред фарбање, а ова го пишува и на повеќето фарби за коса.

Нашиот скалп лачи масла кои служат како заштита од потенцијална иритација на кожата од фарбата.

Најдобро е да почекате барем 24 часа по миењето на косата за да се офарбате.

8-greshki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-koga-sami-ja-farbate-kosata-03.jpg

Ја нанесувате фарбата на влажна коса

Косата мора да биде потполно сува кога ја нанесувате фарбата.

Влагата може да ја разреди фарбата и на крај ќе останете со неизедначена боја.

8-greshki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-koga-sami-ja-farbate-kosata-04.jpg

Не ја штитите кожата од фарбата

Речиси неизбежно е да ги извалкате челото, ушите и вратот кога се фарбате сами, но барем можете да ги заштитите.

Пред да почнете со фарбање, на овие области ставете помрсен крем, па дури и вазелин.

Потоа многу полесно ќе ја отстраните фарбата од кожата.

8-greshki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-koga-sami-ja-farbate-kosata-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
Чај од бел трн, кефир: Како кожата на Марго Роби изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“? Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barb...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg