8 грешки што треба да ги избегнувате кога сами ја фарбате косата

Користите фарба за да осветлите фарбана коса

Ако сакате да ја осветлите косата, а претходно имате ставено темна фарба, нема да го добиете посакуваниот резултат со посветла фарба.

За осветлување фарбана коса обично се користат бланш и слични продукти и третмани.

Но, бидејќи со овие продукти лесно можете да ја оштетите косата ако сте неискусни, секогаш е подобро за ваков третман да одите кај професионалец.

8-greshki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-koga-sami-ja-farbate-kosata-06.jpg

Ставате фарба и хидроген „од око“

Со секоја фарба се продава доволно хидроген (или разредувач) за количеството фарба што го има во шишенцето.

Но, ако сакате да ставите помалку фарба, немојте да го мерите разредувачот „од око“.

Мешањето на овие состојки е како хемиски експеримент и треба да ставите точно одредена количина за да го извлечете најдоброто од фарбата.

8-greshki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-koga-sami-ja-farbate-kosata-07.jpg

Ја мешате фарбата со метален предмет

Избегнувајте да ги мешате фарбата и разредувачот со метален предмет, како лажичка.

Металот може да ја оксидира фарбата, а ова ќе има влијание на крајниот резултат.

Од истата причина, избегнувајте да ја собирате косата со метална шнола пред да ја измиете фарбата.

8-greshki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-koga-sami-ja-farbate-kosata-08.jpg

Почнувате со фарбање од горните слоеви

Веројатно сте забележале дека фризерите почнуваат со фарбање од најдолните слоеви, и има причина за тоа.

Најпрво, овој пристап е попрактичен и помала е веројатноста да ви се измешаат прамените со и без фарба.

Покрај тоа, горните слоеви од косата обично побрзо ги „впиваат“ пигментите од фарбата, па ако почнете до долните, бојата ќе биде порамномерна.

8-greshki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-koga-sami-ja-farbate-kosata-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...

Најчитани неделава