„Бев русокоса, бринета и црвенокоса - која боја им е најпривлечна на мажите?“

Дали мажите повеќе сакаат русокоси или жени со црвена и бринета коса? Оваа фризерка вели дека досега ја офарбала косата во сите можни бои, а според неа најтешко им е на русокосите. Влијае ли бојата на коса на тоа како ве прифаќа средината?

sum-bila-rusokosa-brineta-i-crvena-koja-boja-im-e-najprivlechna-na-mazhite-01.jpg

Стилистката Сара од Канада, на нејзиниот ТикТок профил редовно споделува совети за фризура.

Таа неодамна одговараше на прашања од следбеници и ги сподели нејзините теории за тоа каква боја на коса преферираат мажите, а видеото има над 2,5 милиони прегледи.

Фризерката вели дека на себе ги пробала сите можни бои, а внимавала и на тоа како реагираат мажите на секоја нова боја.

„Кога бев русокоса добивав внимание од најмногу мажи во животот.

Но тоа беше внимание од најлошите мажи што сум ги запознала во животот.

Ме третираа како да сум дете и чувствував дека ме понижуваат“ – раскажува таа.

sum-bila-rusokosa-brineta-i-crvena-koja-boja-im-e-najprivlechna-na-mazhite-02.jpg

Сара раскажува дека по ова одлучила да стане бринета, по што добивала внимание од мажите, но не било ниту приближно до она што го добивала кога била русокоса.

„Мажите не беа толку нападни и агресивни како што беа кога бев русокоса, а жените се чувствуваа многу помалку загрзозено, како да не бев опасност за нив кога бев бринета“ – раскажува таа.

sum-bila-rusokosa-brineta-i-crvena-koja-boja-im-e-najprivlechna-na-mazhite-03.jpg

Како што вели, мажите воопшто не ја забележувале во периодот кога имала необични бои на коса, како розова, зелена, сина...

Како црвенокоса не добива премногу внимание од мажите како кога била русокоса, но имала повеќе додворувачи отколку во периодот кога била бринета.

Според неа тоа се должи на тоа што со таква боја повеќе го привлекува вниманието.

Таа со црвена коса ја нашла и љубовта на својот живот, па смета дека оваа боја е најдобриот избор.

sum-bila-rusokosa-brineta-i-crvena-koja-boja-im-e-najprivlechna-na-mazhite-04.jpg

Погледнете го нејзиното видео:

@sarahelizxbeth

#stitch with @Tori Stevens Gingers for the win

♬ Supermodel - SZA

Што мислите вие? Влијае ли бојата на коса на тоа како ве прифаќа средината?

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава