Ниту Џеј Ло не е имуна на подбрадок – го откри трикот со кој таа го прикрива со шминка (видео)

Џенифер Лопез важи за една од најубавите жени на светот, но признава дека како и повеќето дами, и таа мачи мака со подбрадокот. За да го скрие, таа користи техника на контурирање и неколку трикови, што ги сподели во видео за „Vogue“.

nitu-djej-lo-ne-e-imuna-na-podbradok-go-otkri-trikot-so-koj-taa-go-prikriva-so-shminka-video-01.jpg

Џенифер Лопез вели дека ни неа не ѝ е лесно секогаш да изгледа младешки и свежо. На 53 години пејачката негира дека направила каква било естетска корекција на лицето.

Таа открива дека нејзиниот добар изглед и во шестата деценија се должи на доволно квалитетен сон и добра шминка.

Лопез неодамна сними видео за „Vogue“ во кое покажа како се шминка самата и како го решава најголемиот проблем на своето лице – подбрадокот, во што ќе се пронајдат многу дами. 

„За да изгледате младо, потребен е квалитетен сон. Е сега, тоа значи или да спиете помалку од четири часа или да спиете повеќе од седум часа“, вели Лопез на почетокот на видеото, пред да почне со шминкање.

djenifer-lopez-prizna-deka-ima-problemi-so-podbradokot-pa-pokazha-kako-go-krie-so-shminka-video-03_copy.jpg

Таа за својата публика покажа како постигнува младешки изглед со шминка која брише децении од нејзиното лице.

Џенифер го контурира лицето со темен бронзер, а нанесува коректор на стратешките места - образите и брадата.

„Порано ставав коректор на средината на образите, но сега линијата ја ставам погоре, над нив и така добивам поголем ефект, како да го поткрева лицето“, раскажува таа.

djenifer-lopez-prizna-deka-ima-problemi-so-podbradokot-pa-pokazha-kako-go-krie-so-shminka-video-02.jpg

Сепак, најголемо внимание привлече советот за тоа како го крие подбрадокот.

Таа прво нанесува пудра на лицето, а потоа темен бронзер на брадата и по должината на вилицата. Ги блендира нанесените производи додека не се спојат со пудрата на брадата, па така подбрадокот станува помалку видлив.

„Ставам потемна контура на подбрадокот. Кога ќе го затемнам, не свети толку многу и брадата не доаѓа толку до израз. На крајот пак блендирам со дебела четка за контури“, вели Лопез во видеото.

djenifer-lopez-prizna-deka-ima-problemi-so-podbradokot-pa-pokazha-kako-go-krie-so-shminka-video-05.jpg

Погледнете како да се нашминкате како Џенифер Лопез и да ги скриете недостатоците:

А. Ј. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Топ трендови за убавина кои ќе владеат во есен-зима 2025 Пуштената неуредна коса ќе биде модерна, но и залижана фризура на патец, а кога ...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
Кои се природните тајни за убавина на Турчинките? Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено н...
7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...
5 омилени трикови за шминкање на Италијанките што ја истакнуваат природната убавина Акцентирани веѓи и трепки со минимална шминка, како и BB крем наместо пудра.&nbs...
Темни дамки, подочници, несовршености - Славни дами кои покажаа како изгледаат без грам шминка (фото... Навикнати сме да ги гледаме познатите дами со шминка, беспрекорен тен, совршени ...

Најчитани неделава