8 причини зошто не треба да спиете премалку или премногу

Знаевте ли дека темите подочници не настануваат само кога не спиеме доволно, туку и кога спиеме повеќе од потребното? Кои се другите причини зошто не треба да спиете ни премногу, ни премалку?

8-prichini-zoshto-ne-treba-da-spiete-premalku-ili-premnogu-001_copy.jpg

Сонот е неопходен за правилно функционирање на организмот. Потребите за сон можат да варираат во зависност од возраста, но генерално експертите истакнуваат дека треба да спиеме од шест до осум часа.

Ова значи дека не е препорачливо да спиеме помалку од шест или повеќе од осум часа.

Во продолжение, осум причини зошто тоа не е добро:

Дебелеење

Недостатокот од сон го поттикнува лачењето на хормоните кои се одговорни за нашиот апетит.

Ова значи дека кога не спиете доволно, вашиот апетит е зголемен, што речиси сигурно ќе предизвика прејадување, а со тоа и дебелеење.

8-prichini-zoshto-ne-treba-da-spiete-premalku-ili-premnogu-02.jpg

Темни подочници

Сите знаеме дека недостатокот од сон и заморот предизвикуваат темни подочници.

Но, знаевте ли дека и претераното спиење може да го има истиот ефект? Во овој случај, областа околу очите може да биде и малку отечена, со што подочниците се уште поизразени.

8-prichini-zoshto-ne-treba-da-spiete-premalku-ili-premnogu-03.jpg

Зголемен ризик од кардиоваскуларни проблеми

Спиењето помалку од 6 часа може да го зголеми ризикот од проблеми со срцето.

Истражување во кое учествувале 14.000 испитаници покажало дека оние кои спиеле помалку, но и повеќе од потребното, биле изложени на поголем ризик од инфаркт и други проблеми со кардиоваскуларниот систем.

Според резултатите, за здраво срце доволни се од 6 до 8 часа сон.

8-prichini-zoshto-ne-treba-da-spiete-premalku-ili-premnogu-04.jpg

Проблеми со концентрацијата

И самите имате забележано дека кога не сте наспани, имате проблеми со концентрацијата.

Истото може да се случи и доколу спиете повеќе од 8 часа.

8-prichini-zoshto-ne-treba-da-spiete-premalku-ili-premnogu-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Промени на лицето кои се знак дека очајно ви треба повеќе сон Проблеми како егзема, појава на акни и, секако, темни кругови под очите – кои се...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg