Промени на лицето кои се знак дека очајно ви треба повеќе сон
Проблеми како егзема, појава на акни и, секако, темни кругови под очите – кои се знаците дека мора да спиете повеќе?

Се чини денес сите сме хронично ненаспани, но како да не сфаќаме колку проблеми создава ова.
Сонот е клучен за целокупното здравје, а кога не спиеме доволно, се забележуваат знаци на целото тело, особено на лицето.
Промени на лицето кои се можен знак за недостаток од сон:
Проблеми како егзема
Недостатокот од сон има влијание врз состојбата на кожата и може да ја направи посува.
Па, ако имате егзема, симптомите може да ви се влошат. Но, може да забележите и симптоми како црвенило и чешање од недостаток од сон дури и ако немате егзема.
Знаци на стареење
Стареењето е нормален процес, но ако одеднаш забележите дека на лицето ви се појавуваат фини линии, а сте помлади, причината може да биде недостаток од сон.
Симптоми како псоријаза
Слично како егземата, недостатокот од сон може да ја влоши псоријазата или да предизвика симптоми слични на неа.
Некои истражувања покажале и дека хроничниот недостаток од сон може да биде причина за појава на псоријаза.
Појава на акни
Недостатокот од сон го зголемува нивото на хормонот кортизол. Ова, пак, може да доведе до појава на акни, особено ако веќе имате почувствителна кожа.
Темни кругови под очите
Некои луѓе природно имаат малку потемна кожа под очите. Но, ако не спаѓате овде и забележите дека имате кругови кои не поминуваат, дефинитивно ви недостасува сон.
Многу сува кожа
Дури и ако не предизвикува проблеми налик егзема и псоријаза, недостатокот од сон може дa ја направи кожата многу сува.
Спирова С. | Црнобело
