Што е атаксија-телангиектазија, болеста со којашто се бори нашиот херој Кико?

Зошто се јавува болеста?

Според Medline Plus, болеста е толку ретка што се јавува кај едно од 40.000 до 100.000 бебиња.

Болеста е причинета од мутација на ген познат како ATM.

Ако личноста наследи само еден ваков мутиран ген, тогаш е носител и може да го пренесе генот на идните генерации.

За да се појави болеста, мутираниот ген треба да биде наследен од двата родитела.

shto-e-ataksija-telangiektazija-bolesta-so-kojashto-se-bori-nashiot-heroj-kiko-05.jpg

Кои ризици ги носи болеста?

Луѓето со атаксија-телангиектазија обично имаат нормална интелигенција, но имаат тешкотии со вербална комуникација.

Некогаш можат да се јават и тешкотии во учењето.

Повеќето луѓе со болеста живеат над 25 години, а има и случаи со луѓе кои доживеале и повеќе од 50 години.

Сепак, болеста го зголемува ризикот од појава на леукемија.

Кај некои пациенти е забележана и појава на рак на дојка.

Засега нема конкретни информации за тоа колку е зголемен ризикот од други видови рак.

shto-e-ataksija-telangiektazija-bolesta-so-kojashto-se-bori-nashiot-heroj-kiko-06.jpg

Постои ли лек за болеста?

Иако не постои лек за атаксија-телангиектазија, со одредени третмани може да се намалат симптомите, а со тоа да се подобри квалитетот на животот на пациентите.

Третманот варира во зависност од личноста и може да вклучува:

  • Избегнување изложување на сонце за контрола на проширените крвни садови
  • Физикална терапија за зајакнување на мускулите
  • Примање терапија за респираторни инфекции
  • Примање терапија за ослабен имунитет
  • Примање антибиотици за справување со инфекции
  • Терапија со дијазепам за контролирање на неволните движења на мускулите и проблемите со говорот

shto-e-ataksija-telangiektazija-bolesta-so-kojashto-se-bori-nashiot-heroj-kiko-07.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...

Најчитани неделава