Што е витилиго - како да го препознаете и третирате?

Немедицински третмани – козметика за камуфлирање на изгубената боја на кожа

Козметичките опции вклучуваат шминка, самопотемнувачи и бои за кожа. 

На овој начин витилигото се камуфлира.

 Често се препорачува како третман за деца, бидејќи нема несакани ефекти. 

vitiligo-kako-da-go-prepoznaete-i-tretirate-03.jpg

Лекови кои се нанесуваат на кожата

Неколку различни лекови кои се нанесуваат на кожата може да им дадат боја на депигментираните области на телото. 

Овие лекови се препишуваат само ако мали површини на кожата се погодени од витилиго. Најчесто препишуван лек е кортикостероид кој се нанесува како крем, а околу половина од пациентите со овој лек повторно добиваат барем дел од бојата на кожата по четири до шест месеци.

Сепак, користењето на „локален“ кортикостероид една или повеќе година може да доведе до атрофија на кожата. Ова значи дека кожата станува тенка, многу сува и кревка.

vitiligo-kako-da-go-prepoznaete-i-tretirate-02.jpg

Помалку инвазивни третмани

ПУВА светлосна терапија

Овој метод се применува со користење на ултравиолетово зрачење и лекот „псорален“ за враќање на бојата на кожата. 

Псорален може да се нанесе на кожата или да се зема како пилула. 

Со овој третман може да се лекува и широко распространето витилиго. 

Приближно од 50 до 75 проценти ефикасно го обновува пигментот на лицето, надлактиците и горниот дел од нозете, додека не е многу ефикасен за депигментирани области на кожата кна рацете и нозете. 

Третманите се спроведуваат во болница, двапати неделно во текот на една година. 

vitiligo-kako-da-go-prepoznaete-i-tretirate-08.jpg

Неконвенционални третмани

Одредени витамини, минерали, аминокиселини и ензими може да ја вратат бојата на кожата кај луѓето со витилиго.

Депигментација

Овој третман подразбира отстранување на пигментот од кожата која не е зафатена од витилиго. 

Многу малку пациенти се одлучуваат за овој третман. 

По отстранувањето на преостанатиот пигмент пациентот ќе биде со целосно бела кожа.

На овој третман подлегнуваат само лица кои имаат многу малку пигмент, а другите третмани не успеале. 

vitiligo-kako-da-go-prepoznaete-i-tretirate-04.jpg

С. Ш. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Колку е безбедно сами да ги отстранувате поткожните влакна (и може ли да ги спречите)? Во некои ситуации е безбедно сами да го отстраните поткожното влакно, но треба д...
10 фрази што ги користат луѓето кога се чувствуваат мизерно (а не признаваат), според психолозите „Добра сум“, „Само се чувствувам уморен“ - колкупати сте ги слушнале овие фрази ...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg