Како се пренесува, кои се симптомите и дали има лек? Сè што треба да знаете за сифилис

Терцијарен сифилис

Ова е посериозна фаза од болеста која се јавува кај 15% до 30% од луѓето со сифилис кои не ја лекувале болеста.

Терцијарната фаза може да се јави многу години по заразата со болеста.

Во овој период веќе почнуваат да настануваат компликации, вклучувајќи сериозно оштетување на мозокот, нервите, очите, срцето, крвните садови, црниот дроб, коските и зглобовите.

kako-se-prenesuva-koi-se-simptomite-i-dali-ima-lek-se-shto-treba-da-znaete-za-sifilis-06.jpg

Вроден сифилис

Во овој случај, бебето е заразено од неговата мајка или од плацентата, или за време на породувањето.

Повеќето бебиња на почетокот не покажуваат симптоми, но кај некои може да се јави осип на дланките и стапалата.

Подоцна можат да се појават симптоми како глувост и искривени заби.

Некогаш бебињата со сифилис се раѓаат прерано, а некогаш, за жал, умираат пред да бидат родени.

kako-se-prenesuva-koi-se-simptomite-i-dali-ima-lek-se-shto-treba-da-znaete-za-sifilis-7.jpg

Како се лекува?

Ако сте имале незаштитен сексуален однос со личност која не ви е постојан партнер, препорачливо е да се тестирате не само за сифилис, туку и за други сексуално преносливи болести.

Одете на лекар и ако забележите кој било од симптомите што ги спомнавме.

Болеста обично се лекува со пеницилин кој ќе ви ги препише вашиот лекар. Ако сте алергични на пеницилин, ќе ви биде препишан некој друг антибиотик.

Ако почнете со лекување кратко по заразувањето, најверојатно ќе ги избегнете сите компликации, а постои можност да бидете излечени и со само една инјекција.

Но, ако веќе настанало оштетување на некои органи, терапијата за антибиотици нема да ја поправи штетата на организмот.

Важно е да знаете и дека само затоа што сте ја прележале болеста, не значи дека сте имуни. Односно, откако ќе бидете излечени, можно е повторно да се заразите.

По препишаната терапија, вашиот лекар најверојатно ќе ви направи уште неколку крвни тестови. Истовремено, ќе добиете препорака да немате сексуални односи додека не сте потполно излечени.

Ако дознаете дека имате сифилис, известете ги вашите сексуални партнери со цел да се прегледаат и навреме да почнат со лекување доколку треба.

kako-se-prenesuva-koi-se-simptomite-i-dali-ima-lek-se-shto-treba-da-znaete-za-sifilis-08.jpg

Кој е изложен на најголем ризик и како да се заштитите?

Ако сте сексуално активни, можете да се заразите со сифилис ако имате незаштитен сексуален однос.

Оние кои не се во моногамна врска, односно кои имаат повеќе сексуални партнери, се изложени на поголем ризик од зараза.

Единствениот начин да се заштитите е секогаш да користите кондом.

Ако имате односи со непостојани партнери, користете кондом дури и за орален секс.

kako-se-prenesuva-koi-se-simptomite-i-dali-ima-lek-se-shto-treba-da-znaete-za-sifilis-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg