Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите?

Можете ли да се излечите во домашни услови и како?

На повеќето луѓе не им се потребни лекови за да оздрават. Симптомите обично траат недела-две.

Доколку имате благи симптоми:

  • Останете дома за да не го пренесете вирусот на некој друг
  • Одморајте
  • Пијте многу течности
  • Пробајте да ја спуштите температурата ако имате треска

zoshto-se-javuva-sezonskiot-grip-i-kako-mozhete-da-se-zashtitite-06.jpg

Кога треба да одите на лекар и кај кои луѓе грипот претставува ризик?

Повеќето луѓе оздравуваат во период од една недела, и тоа без лекови. Но, кај луѓето кои се во ризична група, грипот може да биде сериозен проблем.

На пример, грипот може да ги влоши симптомите на луѓе со хронични болести.

Компликации најчесто се јавуваат кај бремени жени, деца помали од 5 години, повозрасни луѓе и лица со хронични болести поврзани со срцето, респираторниот систем, црниот дроб…

Во ризична група спаѓаат и лицата со ослабен имунитет поради ХИВ и други болести.

Ако симптомите ви се влошуваат или ако спаѓате во ризична група, секогаш е препорачливо да одите на лекар доколку сметате дека имате грип.

Ова не значи дека животот ви е загрозен, но секогаш е подобро да му ја препуштите грижата на професионалец.

Доколку е потребно, тој ќе ви препише соодветни лекови и ќе ви даде насоки како да се лекувате.

zoshto-se-javuva-sezonskiot-grip-i-kako-mozhete-da-se-zashtitite-07.jpg

Како да го намалите ризикот од зараза?

Наједноставниот начин да се заштитите од грип е вакцинацијата.

Според Свеската здравствена организација, вакцините за грип се безбедни, ефикасни и се користат над 60 години.

Имунитетот стекнат со вакцинација со текот на времето се губи, па токму затоа и кај нас секоја година има апел за вакцинирање против грип.

Особено е препорачливо да се вакцинирате доколку спаѓате во ризична група.

Ако имате какви било прашања за вакцинацијата, разговарајте со вашиот лекар.

zoshto-se-javuva-sezonskiot-grip-i-kako-mozhete-da-se-zashtitite-08.jpg

Другите начини за намалување на ризикот од зараза и пренесување на вирусот вклучуваат:

  • Редовно мијте ги рацете
  • Покривајте ги носот и устата кога кашлате или кивате
  • Соодветно фрлајте ги марамчињата што ги користите за носот – секогаш ставајте ги во корпа за отпадоци
  • Не излегувајте од дома ако чувствувате симптоми
  • Избегнувајте контакт со болни лица
  • Не ги допирајте очите, носот и устата
  • Можете да носите и заштитна маска ако треба да одите на место со многу луѓе кога е сезона на грип

zoshto-se-javuva-sezonskiot-grip-i-kako-mozhete-da-se-zashtitite09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Како да познаете дали вашето дете има грип (и зошто не треба да му давате антибиотици на своја рака)... Луѓето можат да го пренесат грипот уште пред да се појават симптомите, па затоа ...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg