Бразилска инфлуенсерка почина по липосукција - Која е најсмртоносната пластична операција во моментов?

И додека познати бразилски личности се збогуваа со Луана на социјалните мрежи, потенцирајќи дека починала на „безопасна операција“, докторите велат дека не постои операција без ризик и дека таа била информирана за сите можни ризици за време на операцијата и дека оваа не била нејзин прв естетски хируршки зафат.

Поради трагичната смрт во бразилските медиуми се водат дебати околу опасноста од липосукција и сите операции од естетски причини.

Но, за жал, таа не е прва жртва на липоскукциите. Во 2021 година, на само 26 години животот го загубила и инфлуенсерката Лилиане Аморим.

Таа била хоспитализирана само еден ден по липосуксција која ѝ го одзела животот.

Зголемување на задникот – најсмртоносна пластична операција

Во мај оваа година, МТВ Ѕвездата Jacky Oh (32) починала само еден ден по хирургијата за подигнување на задникот позната како „Brazilian Butt Lift“ (бразилски лифтинг на задник) во Мајами.

Таа беше најпозната по нејзината улога во комедијата „Wild ’N Out“. Беше мајка на три мали деца.

Ден по процедурата таа се пожалила на силна главоболка, почнала да има проблеми со зборувањето и ја изгубила свеста. Тетка ѝ се јавила во итна состојба, но умрела пред да стигне во болница.

Кристина Ештен Гуркани, позната по нејзината сличност со популаната Ким Кардашијан, починала од срцев удар во април годинава по пластичната операција за зголемување на задникот.

Желбата за поголем задник беше причината за смртта на уште една позната инфлуенсерка.

Џозелин Кан, американски модел и инфлуенсер, позната уште и како Мексиканската Ким Кардашијан, починала на 29 години по операцијата „Brazilian Butt Lift“ во Колумбија.

Тоа беше нејзината втора операција од таков вид. Таа имала 13 милиони следбеници на Инстаграм кога починала во 2020 година и две деца.

Силвина Луна е аргентинска манекенка и актерка, која се стекнала со слава поради тоа што учествувала во познатото шоу „Големиот Брат“ во нејзината родна земја. Таа починала на 43-годишна возраст поради здравствени проблеми од кои патела со години по нејзината операција за зголемување на задникот во 2011 година.

brazilska-influenserka-pochina-po-operacija-za-liposukcija-na-koleno-koja-e-najsmrtonosnata-plastichna-operacija-vo-momentov-06.jpg

Таа го обвинила нејзиниот козметички хирург Анибал Лоток за предизвикување на нејзините здравствени проблеми со користење на метакрилат за операцијата. До 2015 година, таа била на дијализа и починала во 2023 година додека чекала трансплантација на бубрег.

Истиот доктор бил обвинет и од други пациенти.

Која е цената на убавината?

Бразилската инфлуенсерка е само последната жртва на пластичните операции, а еден нејзин пријател изјавил: „Овој лажен свет убива сè повеќе и повеќе млади луѓе“.

И тука се поставува вечното прашање „Која е цената на убавината?“. Дали вреди да се жртвува животот за убавина стекната од пластични операции! Колку социјалните медиуми и желбата за слава, богатство и секако „лајкови“, следбеници и спонзорства ги тераат инфлуенсерите да „легнат под нож“ на навидум безопасни и секако, беспотребни операции?

brazilska-influenserka-pochina-po-operacija-za-liposukcija-na-koleno-koja-e-najsmrtonosnata-plastichna-operacija-vo-momentov-07.jpg

Хирурзите, кои секако најмногу заработуваат, велат дека пластичните операции го подобруваат животот и ја зголемуваат самодовербата, но дали сето тоа вреди, по ризик на животот?

Веста за смртта на бразилската инфлуенсерка вирално се прошири низ сите светски медиуми и е причина за кревања на свеста за ризикот од пластичните операции кои секој ден стануваат сè популарни во потрагата по совшрениот изглед. Опасноста е реална, многу мали жени, мајки, девојки, познати или не, го загубиле животот како последица од барање на совршениот изглед, поголем и посекси задник, бујно деколте, витка става без теретана и соврешени црти на лицето!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови и фотографии е казниво со закон.

И. Ј.| Црнобело / фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Седум мали навики што прават голема разлика за здравјето по 50-тите Штом ќе влезете во шестата деценија од животот, не треба да си дозволите да го м...
Ние, Македонците, си имаме навика постојано да си „кукаме“ - Kако тоа ни го уништува животот? Во ред е некогаш да си олесните на душата, но не и „кукањето“ да ви биде секојдн...
Мозочен удар, откажување на бубрезите: Што ќе се случи ако не го третирате високиот крвен притисок? Високиот крвен притисок може да се регулира со лекови и промени во животните нав...

Најчитани неделава