Ние, Македонците, си имаме навика постојано да си „кукаме“ - Kако тоа ни го уништува животот?
Во ред е некогаш да си олесните на душата, но не и „кукањето“ да ви биде секојдневие. Зошто? Ќе ви стане навика и во сè ќе почнете да го барате лошото, па ќе ви предизвика стрес и незадоволство.

Кога нешто во животот ќе ни тргне наопаку, нормално е да ја изразиме фрустрацијата.
Но, дали постои негативна страна на ова, на кукањето и жалењето?
Дали е можно постојаното жалење да создаде начин на размислување кај вас, кој лесно ќе наоѓа причини за жалба, што на крајот станувате раздразливи со сите околу вас?
Можно е! Навистина треба да си ставите ограничување на тоа колку се жалите.
Жалењето често започнува како начин за изразување на негативни емоции. Но, кога станува навика, го менува начинот на кој мозокот се фокусира на проблемите, наместо на решенијата.
Ова влијае на расположението, мотивацијата и генералниот поглед на светот.
Жалењето го тренира мозокот да го забележува она што е лошо, наместо она што е добро, односно вие се фокусирате на негативното и сте незадоволни и под стрес.

Кога се жалите без да барате решенија, мозокот останува заробен во циклус на негативност.
Луѓето кои често се жалат имаат тенденција да се чувствуваат преоптоварено од предизвиците. Наместо да закрепнат од неуспесите, тие остануваат заглавени во фрустрација, што може да води до анксиозност или депресија.
Хроничниот стрес, пак, од негативното размислување може да ви го ослаби имунитетот и со тоа да влијае негативно на вашето физичко здравје.
Постојаното ваше жалење може да ги исцрпи и пријателите, семејството и колегите. Тие можат да почувствуваат дека постојано слушаат проблеми без никаква позитивна нота, што води до емоционална замореност.
Затоа луѓето како најголем „негативец“, ќе почнат да ве избегнуваат.
Зошто се жалиме и како да го прекинеме циклусот?
Разбирањето зошто се жалите е првиот чекор кон менување на навиката.

Луѓето се жалат од различни причини:
- За да ја изразат фрустрацијата или болката
- За да добијат потврда или сочувство
- За да се поврзат со другите преку заеднички проблеми
- За да избегнат преземање одговорност за промена
