Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам ни да ја погледнам ќерка ми – дали имам постпородилна депресија?“

На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт.

vie-prashuvate-psiholog-odgovara-dali-stradam-od-postporodilna-depresija-i-kade-da-pobaram-pomosh-01.jpg

Прашањата за психолозите може да ни ги испраќате на нашиот мејл Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. – истите треба да бидат концизни и со кирилична поддршка.

Прашање од читател:

„Откако ја родив ќерката, чувствувам дека не можам ниту да ја погледнам. Немам желба ниту да ја дојам. Целата грижа за неа ја презема сопругот…

Дали е можно да страдам од постпородилна депресија и каде треба да побарам помош?“

Одговор од психолог, Сања Бојковска-Ѓорѓевиќ:

Почитувана, верувам дека овој период е нов и предизвикувачки за Вас.

Многу фактори придонесуваат кон емоционалната благосостојба на жената после породувањето како:

  • Физичките промени на телото
  • Влијание на медиумите и пласирањето на „совршени мајки“
  • Несакана бременост
  • Трауматично искуство во бременоста и со породувањето
  • Поддршката од семејството и партнерот
  • Искривена перцепција за мајчинството

За да констатираме дали се работи за постпородилна депресија треба да се воочат следниве симптоми: замор, промена во режимот на спиење и исхраната, тешкотии во концентрација, губење интерес за вообичаените активности, наметливи мисли за себе и бебето, чувство на тага, безнадежност, раздразливост, недостаток на самодоверба, искривен поглед на реалноста, недостаток и слаба поврзаност со детето, семејството, партнерот...

Грижата за себе е од суштинско значење за одржување на менталното здравје на новите мајки, а многу често се става на второ место по раѓањето на бебето.

Квалитетен сон, јадење здрава храна, физичка активност, прошетки во природа, вежби за релаксација, разговор со пријателки, постепено враќање на сите оние активности што претходно ве исполнувале се дел од работите со кои можете да си помогнете во оваа состојба.

Навистина е значајна поддршката која ја имате од сопругот и во комбинација со разговори со терапевт, би можеле полесно да се справите со овој предизвик.

Неопходно е да побарате стручна помош ако се чувствувате вознемирени по раѓањето на вашето дете, бидејќи грижата за вашата емоционална состојба е многу значајна, како за вас така и за бебето.

Психотерапија и фармакотерапија се секако поддршка во ваква состојба.

Побарајте бесплатна консултација или закажете сесија со Сања Бојковска-Ѓорѓевиќ, дипл. психолог ТУКА.

Разговарајте со лиценциран психолог и надминете ги предизвиците.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

фото: приватна архива / depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...
Марија Костовска за депресијата: „Посетив 2 психолога, но ми помогна молитвата и постот од 7 дена бе... „Јас посетив два психолога. Видов дека еден не ми помага, па реков ќе видам уште...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...

Најчитани неделава