Вие прашувате, психолог одговара: „Не ми е пријатно кога сум помеѓу луѓе - мислам дека ќе кажам нешто глупаво“

На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт.

vie-prashuvate-psiholog-odgovara-ne-mi-e-prijatno-koga-sum-pomegju-lugje-mislam-deka-kje-kazham-neshto-glupavo-01.jpg

Прашањата за психолозите може да ни ги испраќате на нашиот мејл Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. – истите треба да бидат концизни и со кирилична поддршка.

Прашање од читател:

„Не се чувствувам пријатно кога сум помеѓу луѓе и во гужва. Имам чувство дека треба да се истакнам, дека сите во мене гледаат, дека ќе кажам нешто глупаво.

Затоа, најчесто сакам да бидам сама. Како да си помогнам?“

Одговор од психолог, Сања Бојковска-Ѓорѓевиќ:

Почитувана, ако вашето чувство кога сте во присуство на други луѓе значајно се разликува од чувството што го имате кога сте сами, секако е исцрпувачко за извршување на вашите секојдневни обврски.

Со терапевт секако би ги разработиле следниве прашања кои ќе бидат значајни за вас: Од кога ја чувствувате оваа промена? Која тема во разговорот посебно ве вознемирува? Што е она што во тој момент го чувствувате, мислите, правите? Што досега сте презеле за намалување на непријатноста? Како мислите дека ве гледаат другите луѓе додека зборувате нешто?

Работата со терапевт би помогнала во олеснување и подобрување на социјалните вештини, во изнаоѓање на вашите резилиентни снаги за справување со оваа ситуација.

Од големо значење е да се увиди реалноста, точноста и функционалноста на мислите што ви се јавуваат.

Како техники за самопомош корисни се техниките за опсервација на ситуациите во кои чувствувате страв и непријатност, техники за релаксација и техники за дишење, а во соработка со стручно лице постепено ќе се изложувате на дадената ситуација и ќе ги јакнете вашите сили за справување.

Побарајте бесплатна консултација или закажете сесија со Сања Бојковска-Ѓорѓевиќ, дипл. психолог ТУКА.

Разговарајте со лиценциран психолог и надминете ги предизвиците.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

фото: приватна архива / depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...

Најчитани неделава