Стрес, генетика: Што ја предизвикува егземата и може ли да се излечи?

Забележани се и неколку ризични фактори, од кои најчести се стресот и генетиката.

Постојат и други, како:

  • Многу сува кожа
  • Користење продукти за нега на кожа/коса со одредени алергени
  • Алергија на храна
  • Живеење во многу студена или многу топла и влажна област
  • Семејна историја на егзема

Возраста генерално нема влијание, но првите симптоми најчесто се јавуваат пред 5-годишна возраст.

Сепак, повеќето деца го надминуваат проблемот со текот на времето.

Ако егземата се појави подоцна во животот, обично тоа е во 20-тите години или по 50-тата година.

stres-genetika-shto-ja-predizvikuva-egzemata-i-mozhe-li-da-se-izlechi-05.JPG

Кога се „активира“ егземата?

Симптомите на егземата не се секогаш присутни – односно понекогаш може да забележите повеќе чешање, а некогаш симптомите да се поблаги.

Тригерите зависат од видот на егзема, но и варираат од човек до човек.

Дел од нив се:

  • Полен
  • Стрес
  • Многу топло или многу студено време
  • Зачестено потење
  • Настинки и други инфекции
  • Продукти за домаќинство или хигиена со силни хемикалии
  • Одредени материјали кои ја иритираат кожата

stres-genetika-shto-ja-predizvikuva-egzemata-i-mozhe-li-da-se-izlechi-06.jpg

Постои ли лек за егзема и можете ли да ги контролирате симптомите?

Ако забележувате симптоми на егзема, важно е да се консултирате со лекар за да добиете соодветна дијагноза – некогаш може да станува збор и за други кожно заболување.

Не постои лек кој целосно ќе ја искорени егземата, но во зависност од вашиот случај, лекар може да ви даде терапија како крем, маст или апчиња.

За да ги контролирате симптомите и да не ги влошите, од помош ќе ви бидат и следниве препораки:

  • Секој ден користете хидратантен крем или лосион
  • Избегнувајте нагли промени на температурата и влажноста на воздухот
  • Избегнувајте да се потите премногу, а ако се испотите, веднаш истуширајте се
  • Регулирајте го стресот
  • Избегнувајте материјали кои предизвикуваат чешање, како волна
  • Ако живеете во област со сув воздух, купете навлажнувач за воздух
  • Избегнувајте премногу силни сапуни, детергенти и други продукти за домаќинство и нега на кожа
  • Обрнете внимание дали некои намирници ви ги влошуваат симптомите и избегнувајте ги

stres-genetika-shto-ja-predizvikuva-egzemata-i-mozhe-li-da-se-izlechi-7.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg