8 проблеми што може да ги предизвика ниското ниво на тестостерон кај мажите

Проретчување на брадата, намалено либидо, намалена мускулна маса – тестостеронот е одговорен за многу процеси во телото, па неговото ниско ниво може да предизвика низа проблеми и промени.

8-problemi-shto-mozhe-da-gi-predizvika-niskoto-nivo-na-testosteron-kaj-mazhite-01.jpg

Тестостеронот е „главниот“ машки полов хормон кој има важна улога во развојот на машкиот репродуктивен систем, но и во други процеси во телото, како растот на влакна и зголемувањето на мускулната маса.

Тестостеронот се лачи во тестисите, а кога неговото ниво е ниско, може да предизвика низа промени и проблеми. Добрите вести се дека оваа состојба може да се третира, а вие само треба да можете да ја препознаете и да се консултирате со лекар.

8 симптоми и проблеми кои потекнуваат од ниско ниво на тестостерон:

Екстремен замор и недостаток од енергија

Ако чувствувате замор и немате енергија во текот на денот, без разлика колку спиете, можно е да се соочувате со намалено ниво на тестостерон.

Овој хормон има влијание врз нивото на енергија, но и квалитетот на сонот и расположението, па ниското ниво може да резултира со чувство на екстремен замор.

8-problemi-shto-mozhe-da-gi-predizvika-niskoto-nivo-na-testosteron-kaj-mazhite-02.jpg

Намалена мускулна маса

Тестостеронот е главниот хормон кој помага во создавањето и зголемувањето на мускулната маса.

Па, ако одите во теретана, но долг период не забележувате никаков напредок, можно е да имате намалено ниво на тестостерон.

Истото важи и ако забележите дека мускулната маса ви се намалува без некоја воочлива причина.

8-problemi-shto-mozhe-da-gi-predizvika-niskoto-nivo-na-testosteron-kaj-mazhite-03.jpg

Намалено либидо

Тестостеронот е и главниот хормон кој е одговорен за регулирањето на либидото кај мажите. Па, намаленото либидо, заедно со проблемите со ерекција, е меѓу најчестите симптоми на низок тестостерон.

8-problemi-shto-mozhe-da-gi-predizvika-niskoto-nivo-na-testosteron-kaj-mazhite-04.JPG

Дебелеење, особено во областа на стомакот

Тестостеронот има влијание врз метаболизмот – ниското ниво може да го забави, па да предизвика полесно дебелеење.

Овде е и намалената мускулна маса, која исто така може да придонесе во зголемено акумулирање масти, најчесто во областа на стомакот.

8-problemi-shto-mozhe-da-gi-predizvika-niskoto-nivo-na-testosteron-kaj-mazhite-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg