4 начини да си го продолжите животот, потврдени од науката

Јадете медитеранска или јапонска храна и ослободете се од вишокот килограми – според науката, доволно е да следиме само четири совети за значително да си го продолжиме животот.

4-nachini-da-si-go-prodolzhite-zhivotot-potvrdeni-od-naukata-01.jpg

Уште не сме откриле еликсир за бесмртност, но секој од нас сака да живее што е можно подолго. Па, затоа и следиме секакви совети со надеж дека ќе ни го продолжат животот.

Иако никој нема да живее вечно, науката секоја година се подобрува и веќе е докажано дека одредени животни навики навистина имаат голем удел во тоа колку долго ќе живееме.

Кои се научно докажаните совети за подолг живот?

Јадете медитеранска или јапонска храна

Бројни истражувања покажале дека медитеранска и јапонската исхрана се генерално најдобри за здравјето.

Иако потекнуваат од различни краеви на светот, заедничко им е што има многу риба, која е добар извор на протеини и здрви масти, како и многу зеленчук. Притоа, преработената и храната со додаден шеќер е сведена на минимум.

Јапонската можеби не толку, но медитеранската исхрана е лесно да ја следите и кај нас бидејќи ни се достапни скоро сите намирници.

Секако, не мора строго да се водите по овие начини на исхрана, туку потрудете се да внесувате повеќе намирници од нивната листа.

4-nachini-da-si-go-prodolzhite-zhivotot-potvrdeni-od-naukata-02.JPG

Ослободете се од вишокот килограми

Добро е што почнавме да прифаќаме дека е нормално да не изгледаме сите како супермодели. Но, не смееме да го занемариме фактот дека дебелината сепак има влијание врз здравјето.

Дебелината е поврзана со низа хронични заболувања, како кардиоваскуларни проблеми, дијабетес, но и намалување на животниот век.

Не треба да пробувате да станете топ-модел, но гледајте да имате тежина што е во здрава граница во однос на вашата висина.

4-nachini-da-si-go-prodolzhite-zhivotot-potvrdeni-od-naukata-03.JPG

Не го минувајте цел ден во седење и лежење

За жал, сè повеќе од времето минуваме во седење – седиме на работа, кога гледаме телевизија, кога сме излезени со друштво…

Но, постојаното седење, дури и ако вежбате неколкупати неделно, носи последици по здравјето и може да го намали животниот век.

Затоа потрудете се да се движите повеќе во текот на денот – наместо да гледате телевизија, прошетајте половина час, одете пеш на работа (или барем некој дел од патот), наместо во локал, со друштво одете на планина или во парк…

4-nachini-da-si-go-prodolzhite-zhivotot-potvrdeni-od-naukata-04.JPG

Вежбајте што е можно почесто

Редовното вежбање е едно од најдобрите нешта што можете да ги направите за вашето здравје – и физичко, и психичко.

Истражувањата покажуваат дека вежбањето, особено кај постарите лица, има позитивно влијаени врз мозокот, па дури и ја подобрува меморијата.

Покрај движењето во текот на денот што го спомнавме претходно, потрудете се да вежбате барем трипати неделно.

4-nachini-da-si-go-prodolzhite-zhivotot-potvrdeni-od-naukata-05.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg