Зошто имате испакнати вени (и кога треба да одите на лекар)?
По интензивна физичка активност, нормално е вените да изгледаат испакнато. Исто така, и со возраста е нормално вените да ви се поизразени, особено на дланките и стапалата.

Нормално е да ви се познаваат вените, особено ако имате многу бела кожа.
Некои луѓе имаат и поиспакнати вени, што генерално не треба да биде причина за загиженост.
Сепак, нормално е да се загрижите ако одеднаш почнете да забележувате дека вените ви се поизразени, ако претходно не ви биле воопшто испакнати.
Постојат бројни причини за оваа појава и ако се сомневате дека имате здравствен проблем, тогаш одете на лекар и немојте сами да си поставувате дијагнози.
Но, добро е да знаете кои се најчестите причини за испакнати вени:
Вежбање
Физичката активност ја поттикнува циркулацијата. Па, поинтензивните вежби, како оние со тегови, можат да направат вените бидат малку испакнати.
Сигурно и самите сте забележале дека луѓето кои вежбаат често и постојано имаат испакнати вени и оваа појава е сосема нормална.
Возраст
Кожата претрпува многу промени со годините – станува потенка, а ѝ се намалува и еластичноста.
Па, со текот на времето, нормално е да забележите дека вените ви се поизразени, па и испакнати, особено во пределот на дланките и стапалата.
Топло време
Кога времето е многу жешко, крвните садови се прошируваат, па може да бидат повидливи, а некогаш да делуваат и испакнато.
Ако ја забележувате оваа промена на топло време, а потоа на пониска температура вените ви се враќаат во нормала, нема потреба да бидете загрижени.
Слабеење
Ако имате прекумерна тежина, масните наслаги ќе ги направат вените помалку видливи.
Ова значи дека ако ослабите, вените може да бидат поизразени, но и испакнати ако почнете да вежбате.
