Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена, излегов посилна“
Покрај семејството, огромна улога имале и жените кои поминале низ слична борба и со кои контактирала.
„Кога ќе видиш дека не си сама - сè станува полесно“.
По операцијата и зрачењето, закрепнувањето траело со месеци, со добри и лоши денови. Но чекор по чекор, Марија се вратила на спортот, на животот и на самата себе.
„Не излегов скршена. Излегов посилна, посвесна и пожилава од кога било.
Сфатив дека ништо не е поважно од здравјето. Грижата за себе не е себичност, туку основа за живот.
Запомнете, редовниот гинеколошки преглед не е опција, туку правило“.
За сите кои моментално се борат со болеста или штотуку ја добиле дијагнозата, Марија порачува:
„Не си сама. Ова не е крај. Ова е твојата борба и можеш да ја добиеш. Побарај поддршка, верувај и не се откажувај“.
С. С. | Црнобело
