Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат“

„За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како повторно да дишеш. За тебе која можеби ќе помислиш дека светот се срушил и дека повеќе нема понатаму...“, емотивно вели Ана Дорник и објавува фотка од себе во најтешкото, за поддршка на сите жени кои допрва ќе се борат со ракот.

ana-dornik-se-izbori-so-rakot-i-porachuva-za-tebe-koja-doprva-kje-chekorish-po-mojot-pat-01.jpg

Популарната српска хуманитарка и инфлуенсерка Ана Дорник е жена која се има изборено со ракот и со својата работа им помага на многу жени да се справат со борбата со оваа болест.

ana-dornik-se-izbori-so-rakot-i-porachuva-za-tebe-koja-doprva-kje-chekorish-po-mojot-pat-04.jpg

Таа има и автобиографска книга за нејзината борба „Ти си таа“, а неретко гостува и во Македонија.

ana-dornik-se-izbori-so-rakot-i-porachuva-za-tebe-koja-doprva-kje-chekorish-po-mojot-pat-05.jpg

Сега, таа објави нова инспиративна објава, за сите оние кои допрва можеби, за жал, ќе се соочат со ракот.

На овие жени Ана им порача:

„За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат.
За тебе која допрва ќе учиш како повторно да дишеш.
За тебе која во градите ќе носиш рането срце.

За тебе која во рацете ќе ја држиш својата душа, кревка, но сѐ уште жива.
За тебе која можеби ќе помислиш дека светот се срушил и дека повеќе нема понатаму.
За тебе која ноќе ќе бараш одговори, а наутро ќе собираш сила да станеш.

За тебе е оваа фотографија.

Ти ја подарувам како потсетник:
дека си посилна отколку што мислиш,
дека твоето срце ќе знае повторно да го сака животот,
и дека чудата понекогаш се раѓаат токму од нашите најголеми борби.

Запомни го ова:
„Жената која ќе ја преживее својата темнина, никогаш повеќе не се сомнева во својата светлина“.

И затоа - продолжи да одиш.
Еден ден ќе се свртиш назад и ќе сфатиш дека не само што си го преживеала патот.

ТИ СТАНА СВОЈА СВЕТЛИНА!

На следната страница фотографии од Ана со свoите сакани...



Би можело да ве интересира:

„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg