3 фантастични благодети на вишните

3-fantasticni-blagodeti-na-visnite-povekjeСега е сезоната на вишни, вкусно овошје кое е и одличен антиоксиданс, а помага и во борбата протов стареење и во борбата против досадниот првут.


Проверете како црвените топчиња можат да ви помогнат вашата убавина уште повеќе да дојде до израз.

Без разлика дали ќе ги купите на пазар или ќе ги наберете во туѓ двор, вишните морате да ги имате не само затоа што се вкусно овошје и од нив можете да направите одлична пита или колач, туку и затоа што ви помагаат да бидете уште поубави.

Вишната е здрава поради богатството со витамини и минерали, па може да се јаде во неограничени колилчини.

Смрзнати или конзервирани вишните се одличен конзерванс, но не може да се споредат со свежо набраните, па затоа уживајте во сезоната на ова кисело-благо и многу здраво овошје. Корисните дејства не се губат по вообичаениот процес на преработа, така што и смрзнатите и конзервираните вишни имаат антиоксидантна вредност.

3-fantasticni-blagodeti-na-visnite

Лековити се: плодот, петелките, листовите и смолата на растението. Главен пигмент е црвениот антоцијан, извор на бета каротен кој го има 19 пати повеќе отколку во боровниците и јагодите. Тоа е супстанцата која делува антиоксидантно и е сојузник на добриот сон, а и дијабетичарите може да уживаат во вкусот на вишните бидејќи содржат малку шеќер.

Свежите плодови на вишната помагаат при губењето на килограми, а грст вишни после некој спорт ќе го отстранат чувството на тежина во мускулите.

Ослободете се од првутот

Чајот од листови од вишна во комбинација со листови од цреша, јаготка и љубичица е одличен лек против првут. Наберете ги листовите и прелијте ги со жешка вода и оставете да отстои. По миењето со чај исплакнете ја косата.

Во борбата против првут помага и смолата од дрвото на вишната. Смолата се помешува со три лажици на бел оцет и со смесата се трие темето, а се остава да делува преку ноќ. Наутро исплакнете ја косата.

Со вишни против брчки

Наберете грст вишни, исчистете ги од семките и кусо поварете ги. Ставете ги во блендер заедно со лажиче мед и 1 банана, па смесата нанесете ја на лицето кое претходно сте ги исчистиле од шминка. По 20 минути исплакнете го лицето со млака вода. Вишните содржат бета каротен, антиоксиданс кој на кожата и дава влага и ја зголемува нејзината отпорност, а го спречува и сушењето. Вишната содржи витамин Ц кој е сојузник во борбата против стареење на кожата.

Стоп на отечените очни капаци

Отечените капаци се проблем со кој најчесто се сретнуваме наутро по будењето, а листовите од вишната се одличен сојузник за ублажување на тој проблем. Листовите од вишна ставете ги во жешка вода и нека отстојат 2 до 3 минути, извадете ги, изладете ги и ставете ги на очните капаци за да се намали отокот.

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Како да познаете дали вашето дете има грип (и зошто не треба да му давате антибиотици на своја рака)... Луѓето можат да го пренесат грипот уште пред да се појават симптомите, па затоа ...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...
10 хигиенски навики што многумина ги забораваат (а не треба) „Кога ги миете рацете, не заборавајте да го исчистите и просторот под ноктите“. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg