Во лето телото работи на вода

vo-leto-teloto-raboti-na-voda

Бидејќи телото не прави залихи на вода, морате секојдневно да ја внесувате во доволни количини за да го надоместите губењето на течности со дишење, потење, мокрење и празнење на цревата.

Во просек, на возрасните им е потребно до 12,5 чаши вода дневно, вели Kerol En Rinzler, авторка на книгата „Здрава исхрана за неупатените“. Меѓутоа во некои ситуации телото бара уште.

Кога ви е топло, телото се поти. Влагата испарува и ја лади кожата, со тоа и крвта, која од внатрешноста на телото циркулира до површината. Изладената крв се враќа во внатрешноста и ја намалува температурата.

Ако не го изладите телото, ќе продолжите да губите вода и електролити. Без вода и електролити мускулите се грчат, ќе чувствувате вртоглавица и слабост, а потењето, сега веќе неконтролирано, повеќе не ве лади.

Внатрешната температура на телото расте и ако не му помогнете на својот организам, на пример со студен туш, со испивање на вода или овошен сок, грчевите на срцето може да завршат со срцев удар.

Потребни ви се дополнителни количини вода за да ги елиминирате азотните соединенија од протеините. Тоа важи за бебињата кои што се прехрануваат со вештачка храна со голем процент на протеини и за возрасните кои се на протеински диети.

Водата ви е потребна за:

- Да ја варите храната, односно да ги разложувате хранливите состојки така да можат да поминат низ ѕидовите на цревата и да поминат во крвотокот.

- Да помага храната да се движи низ цревниот тракт.

- Да ги исфрлите отпадните материјали од телото.

- Да обезбеди опкружување во кое ќе се одвиваат биохемиските реакции.

- Да ги пренесува електричните импулси помеѓу  клетките за да можат мускулите да се движат, очите да гледаат, мозокот да мисли.

- Да ја регулира телесната температура, разладувајќи го телото со влагата, односно потта, која што испарува преку кожата.

- Да ги подмачкува движењата на телото.

- Да ги раствора другите супстанци и да носи хранливи и други материи, како крвни клетки, низ телото, овозможувајќи му на секој орган да си ја врши неговата работа.

Би можело да ве интересира:

Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Колку е безбедно сами да ги отстранувате поткожните влакна (и може ли да ги спречите)? Во некои ситуации е безбедно сами да го отстраните поткожното влакно, но треба д...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...
Зошто одредени лекови се пијат со храна? Ако на упатството од лекот пишува да се зема со храна, препорачливо е да го испи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg