Што открива формата на вашето стомаче за вашето здравје (и како да го намалите)?

Како што кажува името, ако имате „пивски“ стомак, многу е веројатно дека претерувате со алкохол. Додека самиот алкохол го зголемува ризикот од низа проблеми со здравјето, големиот стомак покажува дека имате висок процент на масти кои се опасни за срцето.

shto-otkriva-formata-na-vasheto-stomache-za-vasheto-zdravje-i-kako-da-go-namalite-01.jpg

За повеќето луѓе, стомакот е областа каде најбрзо им се таложат масни наслаги.

Па, штом почне да ви се појавува стомаче, тоа обично е знак дека треба да преземете нешто во врска со начинот на исхрана и физичката активност.

Големиот стомак не е проблем само од естетски причини, туку може да значи и дека сте изложени на поголем ризик од одредени болести.

Истовремено, некогаш големиот стомак е предизвикан од веќе постоечки здравствени состојби, како хормонална нерамнотежа.

Што открива формата на вашето стомаче за вашето здравје?

Рамен стомак

Рамниот стомак, за кој сонуваат многумина, генерално е знак дека сте во добра форма.

Покажува дека имате ниско ниво на масти во телото, особено ако ви се познаваат и стомачните мускули.

Ова значи и дека изложени сте на мал ризик од проблеми поврзани со дебелина како висок крвен притисок, дијабетес тип 2 и мозочен удар.

Но, треба да се нагласи дека рамниот стомак не мора секогаш да биде знак за добро здравје ако вие не се грижите за себе.

Некои луѓе се природно слаби, дури и ако јадат повеќе, само што кај нив лошите животни навики не се толку очигледни.

Па, ако имате рамен стомак, не значи дека не треба да водите сметка за храната што ја внесувате или да ја запоставувате физичката активност.

shto-otkriva-formata-na-vasheto-stomache-za-vasheto-zdravje-i-kako-da-go-namalite-02.JPG

„Пивски“ стомак

Таканаречениот пивски стомак обично се појавува поради прекумерно пиење алкохол, односно многуте празни калории што се внесуваат со него.

Во овој случај стомакот има кружна форма и половината е поширока од колковите, а ова е предупредувачки знак за здравјето.

Мастите на стомакот, особено таканаречено висцерално сало се опасни и се поврзани со зголемен ризик од проблеми со срцето и дијабетес.

Покрај тоа, самото пиење алкохол претставува ризик бидејќи може да води до проблеми како цироза на црниот дроб и чирови на желудникот.

Ако имате пивски стомак, ќе го намалите ако бидете умерени со алкохол, а од помош ќе ви бидат и кардиовежби како пливање или возење велосипед.

shto-otkriva-formata-na-vasheto-stomache-za-vasheto-zdravje-i-kako-da-go-namalite-03.JPG

Масни наслаги на колковите

Во овој случај мастите се наталожени на колковите и малку на долниот дел од стомакот и ова обично се случува кога внесувате премногу калории или не сте доволно физички активни.

Но, ваквиот стомак не секогаш е предизвикан од храна – некогаш може да биде поради хормонална нерамнотежа, возраст, недостаток од спиење или недијагностицирани здравствени проблеми.

Иако овие масни наслаги само по себе не се опасни како пивскиот стомак, сепак може да бидат знак дека сте изложени на поглем ризик од висок крвен притисок, висок холестерол и слично.

Доколку масните наслаги не се предизвикани од здравствен проблем, тогаш можете да ги намалите со помал внес на калории и поголема физичка активност.

shto-otkriva-formata-na-vasheto-stomache-za-vasheto-zdravje-i-kako-da-go-namalite-04.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Промени во видот и очите што може да се знак за (посериозни) здравствени проблеми Ненадејната силна болка зад окото може да биде знак за авнеризма, додека замагле...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...

Најчитани неделава