Што открива формата на вашето стомаче за вашето здравје (и како да го намалите)?
Масни наслаги на горниот дел од стомакот
Во овој случај масните наслаги се сконцентрирани на горниот дел од стомакот.
Ова е знак дека најверојатно имате и висцерално масно ткиво, односно масни наслаги околу внатрешните органи, кои веќе кажавме дека се опасни.
Ваквиот стомак обично се јавува поради нездрава исхрана и недоволна физичка активност.
Па, можете да го намалите (и да си го подобрите здравјето) со подобра исхрана и поголема физичка активност.
Масни наслаги на долниот дел од стомакот
Обично стомачето на долниот дел се јавува од вишок килограми и нездрави животни навики.
Но, важно е да се нагласи дека ова стомаче е нормално по бременост, но и ако имате хормонална нерамнотежа.
Стомачето на долниот дел, особено ако е многу големо, може да предизвика болки во грбот, како и проблеми со срцето.
И во овој случај можете да го намалите со здрава исхрана и физичка активност, особено вежби што ги активираат стомачните мускули.
Подуен и цврст стомак
Подуениот стомак обично значи дека имате гасови предизвикани од одредени намирници како газирани пијалаци.
Но, ако стомакот постојано ви е подуен и цврст, тоа може да биде знак дека во вашиот организам се задржува вода или дека имате нетолеранција на храна, констипација и слични, дигестивни проблеми.
Кај жените, подуениот стомак може да биде и симптом за ПМС.
За да го намалите подуениот стомак, јадете повеќе храна со хранливи влакна и пијте повеќе течности.
Но, ако стомакот не се намалува, тогаш е добро да се консултирате со лекар.
Спирова С. | Црнобело