Лубеница диета - понизок притисок и потесен струк

lubenica-dieta-ponizok-pritisok-i-potesen-struk

Иако содржи повеќе од 90% вода, дебелите луѓе не би смееле да јадат лубеница во неограничени количини.

Ова овошје кое потекнува од семејството на тикви најдобро е да се јаде помеѓу 17 и 18 часот и тоа најмногу 120 грама дневно. Во тој период се лачат одредени хормони и ензими кои ни помагаат максимално да ги искористиме сите хранливи вредности на лубеницата, советуваат лекарите.

Оваа лубеница диета, со која во текот на пет дена можете да ослабите два килограми, е одлична за детоксикација на организмот. По пет дена диета, задолжително направете пауза од една недела, па ако сакате пак продолжете ја диетата. Во текот на диетата секој ден пијте по осум чаши вода, чај или свежо цеден сок.

Она што малку се знае е дека лубеницата е многу богата со шеќери и го покачува нивото на шеќер во крвта по оброкот, а со самото тоа се лачи инсули, кој не дозволува топење на мастите.

- Оние што држат лубеница диета може да изгубат вкупна тежина во вода и мускулна маа, но ако имаат вишок на маснотии во телото, тогаш оваа диета не е за нив – вели Dr. Gifing.

Лубеницата ја спречува хипертензијата

Секојдневното консумирање лубеница  го намалува крвниот притисок кај луѓе кои боледуваат од хипертензија, покажало истражувањето на научниците од Универзитетот на Флорида. Dr. Arturo Figueros, кој го водел ова истражување, објаснил дека лубеницата особено може да им помогне на луѓето со благо покачен притисок, така што ќе спречи да се развие во хипертензија со потполн облик.

Женскиот бостан е посладок

- Најдобра е онаа лубеница која што има темна, мат кора, не премногу сјајна.

- Кога ќе тропнете по кората, звукот што допира до вас не смее да потсетува на ехо добиено од празен предмет.

- Благата лубеница на врвот од петелката главно има јасен прстен, а шарите треба да бидат зелено-бели, а не две нијанси на зелена боја.

- Искусните продавачи велат дека женските лубеници се повкусни, а ќе ги препознаете по широкиот цвет кој се наоѓа спротивно од петелката.


Мени кое го чисти организмот

1. Ден

Ручек: 100g варено говедско месо, 100г варен ориз со сос од домат, парче лубеница.

Вечера: 50g сирење, парче тост


2. Ден

Ручек: тост, 50g варен пилешки стек (или од мисирка), парче лубеница.

Вечера: 100g риба на скара, парче тост, сезонска салата.


3. Ден

Ручек: 30g шпагети со сирење и патлиџан, парче лубеница.

Вечера: Мешана салата од патлиџан, краставица, пиперка, кромид и зелена салата, 50g свежо сирење, парче лубеница.


4. Ден

Ручек: Чинија супа од зеленчук, парче тост, 50g варено пилешко месо, парче лубеница.

Вечера: 2 варени компири со апрмезан, сезонска салата, парче лубеница.


5. Ден

Ручек: 50g варено говедско месо со шампињони, парче тост, парче лубеница.

Вечера: 50g свежо сирење, 2 парчиња тост, парче лубеница..

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg