Како лесно и ефикасно да се ослободите од стресот?

kako-lesno-i-efikasno-da-se-oslobodite-od-stresot-1

Суштината е во тоа што стресот напаѓа на сите можни начини, што значи дека ако сакате да го совладате и победите, морате да возвратите со разни техники.

После повеќегодишни истражувања, научниците откриле бројни, често неочекувани методи во борбата против оваа болест на современото живеење.

Некои од нив сигурно ќе ви помогнат.

Пијте повеќе сок од портокал

Истражувачите од Универзитетот во Алабама на стаорци им давале  200mg витамин Ц два пати на ден и откриле дека кај глодарите речиси потполно е запрено лачењето на хрмонот на стрес. Ако ги релаксира стаорците, зошто не и вас? Две чаши сок од портокал дневно ви обезбедуваат неопходна доза витамин Ц.

Поиграјте си со кучето

Со своето или туѓото. Научниците откриле дека дружењето со четвороножните љубимци го намалува стресот двојно поефикасно отколку дружењето со двоножниот пријател. На луѓето кои што веќе имаат домашно милениче не им биле потребни студии тоа да го сфатат.

Молчете и смешкајте се

Морате да им се обратите на колегите на важен состанок. Имате трема? Насмевнете се, гледајте во публиката и молчете барем две секунди. Така ќе создадете впечаток дека сте опуштени и дека ја држите ситуацијата под контрола. Тоа ќе ја релаксира публиката, а со самото тоа и вас. Потоа почнете да зборувате. Со секоја нова реченица напнатоста ќе се повлекува.

Трчајте

Возете велосипед. Удирајте боксерска вреќа. Триесет и три минути интензивни физички вежби побргу го намалуваат стресот отколку умерената физичка активност. Ефектот се чувствува и во наредните 90 минути.

kako-lesno-i-efikasno-da-se-oslobodite-od-stresot-2

Сетете се на стиховите од омилената песна

Набројте 10 филмови со Џејмс Бонд или наведете имиња на сите пријатели со исто презиме. Со други зборови, поставете му на мозокот предизвик, но предизвик на кој му се гледа крајот бидејќи бескрајните проблеми само го зголемуваат стресот.

Закажете доктор рано наутро

Наместо цело утро да мислите на звукот од забарската машина или резултатите од ЕКГ-то, нацртајте се пред ординацијата рано наутро, кога кортизолот природно ви е покачен и кога сè се издржува полесно.

Издупчете дупка во тениското топче и стискајте го

Почекајте напнатоста во раката и целото тело максимално да се зголеми, а потоа попуштете го притисокот. Тоа е начин да се опуштите.

Средете ги фиоките

Контролирајте го вишокот на стрес на тој начин што ќе се занимавате со проект кој бара повеќе физичка енергија. Следниот пат кога ќе помислите: „Под стрес сум“, заменете ја таа реченица со „Имам вишок на енергија“, а потоа таа енергија искористете ја. Покрај тоа, љубовната предигра се смета за „проект“ кој бара многу физичка енергија!

Изедете порција која што бара интегрални тестенини

Ова јадете го задолжително еден час пред првиот љубовен состанок. Лекарите востановиле дека консумирањето на сложени јаглени хидрати  ја зголемува концентрацијата на серотонин, таканаречениот хормон на среќата во нашиот мозок.

Одете на базен

Во текот на денот во нозете ви се собира течност која се нарекува лимфа, а вишокот на лимфа предизвикува непријатност и раздразливост. Пливањето ја враќа насобраната лимфна течност кон срцето и надвор од организмот преку бубрезите. Значи, одењето во тоалет веднаш по пливањето сметајте го како ослободување од течниот стрес.

Би можело да ве интересира:

Што открива бојата (и текстурата) на семената течност за вашето здравје? Додека е нормално семената течност некогаш да има бледожолта нијанса, ако ова тр...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Ако имате рак и сте под стрес, болеста се шири и до 4 пати побрзо, според ново истражување „Стресот е нешто од што не може да се заштитат пациентите кои боледуваат од рак“...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg