Експресен напиток кој го топи струкот

ekspresen-napitok-koj-go-topi-strukot

Осум чаши вода се наведуваат како основа за секоја здрава исхрана. Без разлика дали сакаме да изгубиме килограми или да ја одржуваме постојаната тежина, водата помага сите телесни функции да работат без тешкотии.

За овој најздрав пијалак да биде уште поефективен при губењето на килограми, нутриционистот Cynthia Sass смислила едноставен пијалак кој ја намалува надуеноста и ја подобрува пробавата.

Освежителната 'sassy вода' не е еден од оние невкусни и непријатни пијалаци кои што ќе мора да ги пиете со затворен нос. Освен што ќе ве разбуди, ќе го освежи вашето тело и темелно ќе го истушира од внатре.

Sassy вода:

- 8 чаши вода
- 1 лажиче корен од ѓумбир во прав
- 1 свежа краставица со средна големина, излупена и исечкана на тенки тркалца
- 1 лимон со средна големина, исечен на тркала (пожелно е да се излупи кората)
- 12 листови нане

Наведените состојки помешајте ги со вода. Оставете преку ноќ да отстои за да се ослободат аромите и консумирајте го во текот на наредниот ден.

Овој напиток нема да направи чуда, но со умерена прехрана поделена во пет помали оброци и редовна физичка активност, вашиот струк ќе биде порамен и без ниеден ден гладување.

Би можело да ве интересира:

Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...
Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...
Исповеди на луѓе кои слабееле со Оземпик: „Престанав кога почна да ми паѓа косата“ „Си ги вратив килограмите“, „Девојка ми ослабе 20 килограми, но продолжи да вним...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg