7 причини за чинија смокви секој ден


7 причини за чинија смокви секој ден

7-pricini-za-cinija-smokvi-sekoj-den

Сезона е на смокви, рајското овошје кое дава сила, го одржува здравјето и ги брише борите. Растение кое многу дава а малку му треба, само сиромашна земја и по некоја капка вода.

Смоквата е овошје кое вреди да се пофали и за своите лековити својства.

1. Висока вредност на магнезиум. Магнезиумот е еден од основните елементи кои го штитат нашиот нервен систем од стрес. Многу е важен за коските, имунитетот, задравјето на мозокот и нервниот сиситем. Го поттикнува здравјето и виталноста, лечи бројни болести и значително го забавува процесот на стареење. Сушените смокви содржат тројно повеќе магнезиум од обичните.

2. Обилува со калиум, калциум, железо, фосфор, бакар и витамините Б6, Ц и бетакаторен. Смоквата има многу ниска содржина на масти, а побогата е со влакна од било кое друго овошје и зеленчук па затоа треба да се консумира секој ден. Пектинот е растворливо влакно кое го намалува нивото на холестерол во крвта, додека триптофанот помага при проблеми со циркулацијата како и при несоница.

3. Високата концентрација на природни шеќери прави мозокот да работи побргу, подобро да ги прима и класифицира информациите. Секако мора да внимаваат дијабетичарите при консумирање на суви смокви кои содржат двојно повеќе шеќер од свежите.

4. Сувите смокви се одличен извор на бројни нутритиенти а воедно и практичен нутритивен оброк за спортистите и професионалците, а во комбинација на оревесто плодови може да послужи како идеален меѓуоброк. Чајот од смокви лечи заболувања на црниот дроб, грлото, дишните органи, мочниот меур...

5. Содржи и растителни стероли за кои е докажано дека поволно делуваат на нивото на холестерол во крвта. Растителните стероли како стигмастеролот и ланостеролот, кои ги има во смоквите се врзуваат со молекулите на холестеролот во цревата и така ја оневозможуваат неговата апсорпција.

6. Бројни студии откриле нуспојави со потенцијано антиканцерогено делување на бензалдехидот и кумарините кои ги содржат смоквите. Испитуваните соединенија во научните студии покажале ветувачки резултати особено кога станува збор за карциномот на простата и кожа.

7. Свежата смоква содржи до 80% вода и 60% природен шеќер па затоа е добро да се консумира. Благиот вкус на смоквите совршено се сложува со солени вкусови, како на пример овчото и козјото сирење, па може да се додаде кон разни компоти или јадења. Од свежата смоква може да се направи слатко,компот, џем и ферментирани пијалоци.

Би можело да ве интересира:

Навики со кои несвесно си го уништуваме здравјето Секој од нас има свои навики, но ретки се оние кои знаат дека многу од нив може ...
Домашни лекови за ублажување на болката и чешањето при убод од комарец Доколку обидите да ги избркате со разни апаратчиња и спрејови не ви успеат, и се...
Список на 21 болка и болест кои се лечат со неколку чаши вода на празен стомак Доколку сте здрави, сигурно веќе уживате во многу вода во текот на денот, но док...

Најчитани неделава