6 мали животни промени кои ќе ви помогнат да го контролирате дијабетесот
Внимавајте на исхраната и одете на лекар барем двапати годишно за да проверите крвна слика, но и состојбата на очите и стапалата.

Дијабетесот е состојба која предизвикува зголемување на нивото на шеќер во крвта.
Настанува кога панкреасот не произведува доволно инсулин или кога организмот не реагира соодветно на инсулинот.
Постојат неколку видови дијабетес од кои дел се хронични, односно траат цел живот.
Ако имате дијабетес, мора да примате терапијата што ви ја препишал лекар, но можете да го подобрите здравјето и со некои промени во секојдневието.
Дел од нив во продолжение:
Хранете се здраво
Ова е клучно ако имате дијабетес бидејќи храната што ја внесувате има влијание врз нивото на шеќер во крвта.
Потрудете се да не се прејадувате, туку да јадете само толку олку што му е потребно на вашето тело.
Внесувајте многу овошје и зеленчук и давајте им предност на обезмастените млечни продукти.
Максимално избегнувајте ја храната со многу шеќер и масти. Истото важи и за храна со јаглехидрати бидејќи јаглехидратите се претвораат во шеќери.
Со оваа промена ќе можат да го контролирате нивото на шеќер во крвта.
Вежбајте
Ако не сте физички активни, сега е идеално време да почнете.
И, не мора да одите во теретана или да се запишувате на часови по јога, пилатес или што било. Доволно е и само да пешачите повеќе или да возите велосипед.
Идеално е неколку денови во неделата да одвоите 30 минути за активност која барем малку ќе ве измори.
Физичката активност го намалува нивото на шеќер во крвта, го намалува ризикот од проблеми со срцето, а може да ви помогне и да се ослободите од вишокот килограми.
Редовно правете прегледи
Без разлика што редовно ја примате терапијата и не забележувате проблеми, ако имате дијабетес, одете на преглед барем двапати годишно.
Дијабетесот со зголемува ризикот од проблеми со срцето, па препорачливо е да првите крвна слика.
Проверувајте ги и очите и стапалата бидејќи дијабетесот го зголемува ризикот од проблеми на овие делови од телото.
Регулирајте го стресот
Кога сте под стрес, може да се зголеми нивото на шеќер во крвта.
Истовремено, ако постојано сте под стрес, поверојатно е да не водите добра грижа за себе, да прескокнувате вежбање, да не обрнувате многу внимание на храната…
И, сето ова да ви се одрази негативно на здравјето.
Намелете или оставете ги цигарите
Дијабетесот го зголемува ризикот од разни болести. Ако на ова додадете и често пушење, ризикот станува уште поголем.
Ограничете го алкохолот
Алкохолните пијалаци содржат шеќери, што значи, го зголемуваат нивото на шеќер во крвта.
Ако пиете алкохол, важно е да бидете умерени и секогаш давајте им предност на пијалаци кои содржат помалку шеќер.
Спирова С. | Црнобело
