Со правилна исхрана до подобро здравје и изглед

so-pravilna-ishrana-do-podobro-zdravje-i-izgled-01

Храната може да направи многу повеќе од само насладување и задоволство. Ние собравме една група производи која е одлична за вашата коса, кожа, очите, срцето и многу повеќе.

1. Авокадо за сјајна коса

so-pravilna-ishrana-do-podobro-zdravje-i-izgled-1

Авокадото долго е сметано како чудо од храна за косата, богато со витамини Б и Е кои помагаат скалпот да е здрав и раст на нови влакна. Тоа е исто така богато со здрави, незаситени масти кои ги хранат и влажнат фоликулите на косата.


2. Киви за вашите коски

so-pravilna-ishrana-do-podobro-zdravje-i-izgled-2

Јадењето киви не само што ќе ви помогне за одржување на чиста кожа, туку ќе ви помогне да имате здрави коски. Една чаша излупени киви содржи повеќе витамин Ц од истата количина портокали. Плус, ги неутрализира слободните радикали кои може да доведат до појава на рак и срцеви заболувања.


3. Лешници, бадеми и ореви за борба против побелена коса

so-pravilna-ishrana-do-podobro-zdravje-i-izgled-3

Бидејќи косата првенствено е составена од протеини, кератин, важно е да се добие доволно протеин за да се изборите со оштетување и опаѓање на косата. Тие се богати со овие состојки, заедно со минерален манган. Ова е добро за спречување на промена на пигментацијата, т.е. побелена коса.


4. Остриги за вашите очи

so-pravilna-ishrana-do-podobro-zdravje-i-izgled-4

 

 

 

Не само што остригите се богати со цинк и селен, туку високите нивоа на овие минерали служат како антиоксиданс и помагаат во заштитата од болести на очите.


5. Коријандер против опаѓање на косата

so-pravilna-ishrana-do-podobro-zdravje-i-izgled-5

Оваа билка е чудесна против опаѓање на косата. Таа има функција на прочистувачки агенс за брзо чистење на телото од токсични метали. Има добра функција, затоа што токсините го спречуваат продирањето на хранливите материи во вашиот скалп, што резултира со опаѓање на косата.


6. Лосос за вашето срце

so-pravilna-ishrana-do-podobro-zdravje-i-izgled-6

Лососот е храна богата со омега-3 масни киселини штитат од болести на срцето. Една студија за дијабетес и метаболизам открива дека омега-3С го задржува хормонот за стрес кортизол и порастот на адреналинот.


7. Леќа за раст на косата

 

so-pravilna-ishrana-do-podobro-zdravje-i-izgled-7

Леќата е идеален извор на железо, што е важно за бујна и сјајна коса. Железото помага кислородот да стигне до фоликулите на влакната, што доведува до раст и бујност. Ова е клучно ако имате тенко влакно.


8. Ѓумбир, куркума, какао, кајен(вид пиперка) и цимет за вашата крв

so-pravilna-ishrana-do-podobro-zdravje-i-izgled-8

 

 

Овие зачини се моќен антиоксиданс и имаат анти-воспалителни ефекти врз телото. Тие исто така помагаат да се урамнотежи шеќерот во крвта и можат лесно да се искомбинираат со пијалоци и храна.


9. Прашок од коноп за сув скалп

so-pravilna-ishrana-do-podobro-zdravje-i-izgled-9

Додајте една лажичка во мала чашка за да ја нахраните косата со есенцијални масни киселини. Овој зацврстувач има оптимален сооднос на омега-6 и омега-3 масти, што им овозможува да функционираат најефикасно. Недоволните количини може да доведат до сув скалп и кршливост на косата.


10. Банана за вашето либидо

so-pravilna-ishrana-do-podobro-zdravje-i-izgled-10

Богата со витамин Б, ова висечко овошје помага за зголемување на нивото на тестостерон. Според Лин Незин, ко-автор на “Добра храна, Добар секс”, ниското ниво на тестостерон може да предизвика слаб сексуален нагон кај мажите и жените.

Би можело да ве интересира:

Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Што ќе се случи ако почнете да спиете без пижами, дури и кога е студено? Се верува дека спиењето без пижами може да ви помогне побрзо да заспиете и да им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg