Како да подготвите здрави сендвичи

Сендвичите кои секојдневно ги консумираме содржат многу нездрави намирници како што се мајонезот, маргаринот, сувомеснати производи, сирења со сомнителен квалитет...

zdravi-sendvici-01

За почеток, наместо бело печиво или леб одберете леб од пченкарно, овесно брашно или ржан.

Наместо сувомеснатите производи, дајте му предност на печеното месо – пилешко, риби филети или домашна сланина.

Сирењата го збогатуваат вкусот на сендвичот, па затоа одберете фета квалитетно сирење, моцарела или пак свежо кравјо сирење. За вегетаријанците, одличен избор е тофу сирењето.

Можете да направите и домашен намаз за сендвич, наместо мајонез или сенф. Испробајте павлаката да ја комбинирате со кисели краставички и многу зачини.

Наместо вообичаената зелена салата, практикувајте да додадете пиперки, свеж босилек,изрендан морков или кисели краставички.

Вкусот на сендвичот значајно може да се промени ако му додадете неколку зачини – малку сок од лимон, оригано, лист од ментол, пипер или кари.

Зависно од сезоната, избирајте ги намирниците. Свежите, сезонски намирници се скогаш подобра опција.

Пилешки сендвич

  • Интегрален леб
  • 1 испечен или пропржен пилешки стек
  • Црн пипер
  • Моцарела
  • Пиперка

zdravi-sendvici-1
Зелен сендвич

  • Црн леб
  • Тврдо варено јајце
  • Кругчиња краставица
  • Свежо сирење
  • Зачини по желба


Сендвич со димен лосос

  • Интегрален леб
  • 100 гр димен лосос
  • Меко варено јајце
  • Намаз од сирење ( се приготвува со една лажичка павлака, дробено сирење, сол и зачини)

Вегетаријански сендвич

  • Интегрално печиво
  • Половина домат
  • Сол и зачини по желба
  • Моцарела

zdravi-sendvici-2

Би можело да ве интересира:

Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
Која храна да ја избегнувате ако имате замастен црн дроб (и кои намирници ќе ви помогнат)? Додека зелениот лиснат зеленчук и храната со незаситени масти се добри за лица с...
Зошто одредени лекови се пијат со храна? Ако на упатството од лекот пишува да се зема со храна, препорачливо е да го испи...
Храна и суплементи што треба да ги ограничите ако примате терапија за хипотироидизам Некои суплементи, како железо и калциум, можат да имаат влијание врз апсорпцијат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg