Како да јадете многу, а да останете витки?

Една од главните причини заради која се прејадуваме и дебелееме е затоа што не јадеме доволно за да се чувствуваме сити. Парадоксално, но вистинито – и ако јадете многу, можете да останете витки и да избегнете прејадување.

kako-da-jadete-mnogu-a-da-ostanete-vitki-01

Ова се неколку совети кои ќе ви помогнат:

1. Јадете јаглехидрати – лебот, тестенините, оризот и гравот треба да сочинуваат третина од вашата секојдневна исхрана. Јадете леб редовно со оброците, затоа што ако го избегнувате за да бидете сити, ќе мора да изедете еднаква количина од некоја многу покалорична храна. Овие намирници не дебелеат ако не им додадете масни зачини, маргарин, путер и сл.

2. Јадете намирници богати со вода. Храната која содржи големи количини вода, ќе ви го наполни стомакот, а содржи малку калории. Овде спаѓаат не-кремасти супи, домашни немасни чорби и други варива.

3. Исфрлете непотребни маснотии од исхраната. Малку масти се неопходни за добро здравје, но не треба да претерувате. Избегнувајте ги, но не ги исфрлајте потполно.

4. Наместо слатки, грицкајте овошје и зеленчук. Целер, краставица, јаболки, мандарини и слични намирници ќе ве направат сити, а се нискокалорични. Бонус е што се богати и со витамини и минерали.

5. Пржењето со масло, заменето го со месо на жар. Еднакво ќе ве засити, а содржи многу помалку калории.

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg