Грицки кои се дозволени и за време на диета

Ако се обидувате да го симнете вишокот на килограми и да одржите витка линија, е не можете да го замислите денот без грицки, би требало да се обидете поздраво да се храните и да јадете порции кои немаат повеќе од 100 калории. Тогаш не мора да се откажувате од грицки. Еве неколку предлози.

gricki-koi-se-dozvoleni-i-za-vreme-na-dieta-1

18 маслинки
Маслинките се совршени за задоволување на желбата за сол, а во комбинација со коктели се вкусно задоволство. Богати се со железо, витамини и многу незаситени масти кои се здрави за срцето. Маслинките освен што се вкусни, тие се и здрави, поради своето антивоспалително дејство, делуваат на варењето, па можат да бидат одлични сојузници на патот до рамен стомак.

gricki-koi-se-dozvoleni-i-za-vreme-na-dieta-2

Две шолји пуканки
Пуканките се природно богати со диетални влакна, имаат ниско ниво на калории и масти и речиси воопшто шеќери. Но, ако навистина сакате здрава храна, треба да избегнувате додавање на путер или шеќер во пуканките бидејќи тогаш ќе бидат полни со несакани калории. Имено едно истражување покажало дека средно масни пуканки содржат повеќе калории дури и од комбинацијата на јајца и сланина или помфрит за вечера. Наместо тоа, додајте малку цимет или сол.

gricki-koi-se-dozvoleni-i-za-vreme-na-dieta-3

Половина јаболко
За оние кои обожуваат комбинација на солено и благо, идејата парчиња јаболко натопени со путер од кикирики сигурно ќе им се допадне. Оваа здрава грицка е преполна со влакна и дава здрава доза протеини и го покачува нивото на енергија.

gricki-koi-se-dozvoleni-i-za-vreme-na-dieta-4

Пет коцки темно чоколадо
Кога ќе превладее желбата за благо, тешко е тоа да се замени со нешто друго освен со чоколадо, но тогаш треба да се внимава во одбирањето на чоколадото. Пет коцки од добро и квалитетно црно чоколадо е горчливо блага грицка со помалку од 100 калории, а има низа други здрави погодности. Една студија покажла дека темното чоколадо може да помогне при намалување на крвниот притисок, штити од заболувања на срцето и мозочен удар, ги подобрува менталните способности, помага при хроничен умор, дури и го подигнува либидото.

gricki-koi-se-dozvoleni-i-za-vreme-na-dieta-5

14 бадеми
Фалени како супер храна, бадемите се омилена грицка за многумина. Содржат поголема количина заситени масти кои се опишуваат како „здрави масти“ кои кога се јадат во умерени количини може да го помогнат слабеењето. Овие плодови содржат и растителни влакна, магнезиум, протеини, калиум, бакар и витамин Е кој е одличен за кожата и и помага да остане мека. Големата предност на бадемите е тоа дека секогаш можете да ги имате при рака за здрав меѓуоброк.

gricki-koi-se-dozvoleni-i-za-vreme-na-dieta-6

30 зрна грозје
Благото, вкусно, сочно, свежо грозје е одличен меѓуоброк. Грозјето помага во лечење на анемија, умор, артритис и реума. Освен тоа грозјето ги забавува заболувањата на срцето и знаците на стареење поради високата количина на антиоксиданси кои ги содржи.

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg