Здрави и брзи појадоци полни со витамини

Ако сè почесто го прескокнувате појадокот заради тоа што немате доволно време наутро, време е да се навикнете да консумирате едноставни, а здрави појадоци. Кошничката со овошје нека е секогаш полна и при рака.

zdravi-i-brzi-pojadoci-polni-so-vitamini-01

Ова се неколку идеи како да приготвите едноставен, лесен и здрав појадок.

Овошје и кашкавал – Исечкајте едно јаболко на ситни парченца и неколку коцки кашкавал. Фрлете неколку ситно сецкани оревчиња или бадеми за да го подобрите шмекот и вашиот појадок е спремен.

Овошен шејк – Ако знаете дека ве чека напорен ден, овошните шејкови никогаш не ги избегнувајте. Во блендер ставете неколку јагоди, малини, капини или било какво овошје по избор и додадете една чаша јогурт или млеко од соја.

zdravi-i-brzi-pojadoci-polni-so-vitamini-2

Мини здрави сендвичиња – Ако имате околу 10тина минути повеќе, почестете се со здрави сендвичиња. На интегрален леб намачкајте сè што имате здраво  во фрижидерот и додадете зеленчук. На пример направете комбинација од павлака, моцарела и шери домати. Додадете малку маслиново масло и кари или оригано.

zdravi-i-brzi-pojadoci-polni-so-vitamini-1

Енергетски бар во комбинација со јогурт - Никогаш не заборавајте енергетските здрави житарки да ги комбинирате со чаша јогурт со ниска масленост.

Житарки со овошје – Одберете ги вашите омилени житарки и комбинирајте ги со сушено или свежо овошје. Растопете ги со топло млеко или пак густа павлака, ако уживате во благо-солените вкусови.

zdravi-i-brzi-pojadoci-polni-so-vitamini-3

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg