9 лоши навики поради кои се дебелееме

Да е лесно да се ослаби, никој не би бил дебел. За жал фактите се неоспорни: омлет со сирење е многу повкусен од омлет од белки, помфритот е повкусен од салатата... Од друга страна многу е подобро чувството да се има здрава тежина отколку да се биде „елегантно пополнет“.

9-losi-naviki-poradi-koi-se-debeleeme

Навика бр.1: Ве мрзи да подготвувате храна

Наполнете го фрижидерот со вистинска храна, посни протеини, јаглени хидрати од цело зрно, овошје, зеленчук и добри маснотии. Тоа значи дека ќе бидете подготвени да јадете вистинска храна кога ќе добиете напад на глад.

Навика бр.2: Не пиете доволно вода

Внесувањето на доволна количина вода во организмот ја подобрува целокупната состојба на организмот од кожата, коските и зглобовите до системот за варење, помнењето и правилното функционирање на мозокот. Но, правилното хидрирање на органзимот помага и при одржувањето на тежината.

Навика бр.3: Не внесувате доволно протеини

Луѓето кои во текот на денот внесуваат премногу јаглени хидрати, потешко ќе ги намалат килограмите. Со секој оброк би требало да се вклучи и по некој извор на протеини. Телото троши два пати повеќе енергија да ги свари протеините отколку за варење на јаглените хидрати.

Навика бр.4: Внесувате премногу течни калории

Калориите кои ги внесуваме во организмот со течности се празни калории. Се сметаат во дневниот внес, но не прават сити. Наместо густи или газирани сокови и енергетски пијалаци треба да се пие вода, незасладени чаеви или кафе.

Навика бр.5: Не спиете доволно

Не морате дури ниту да бидете свесни дека губите килограми. Доволната количина на сон е најважниот фактор во постигнувањето и одржувањето на саканата, здрава тежина.

Навика бр.6: Го прескокнувате појадокот

Можеби е тешко да стигнете да појадувате во утринското брзање, но ако сакате да ги намалите килограмите или да останете на истата тежина, мора да се потрудите да направите место за појадок. Појадокот го придвижува вашиот метаболизам и ве поттикнува да почнете да ги согорувате калориите.

Навика бр.7: Не внимавате што внесувате во организмот

Сакате да ослабите и се трудите здраво да се храните, но килограмите стојат. Проблемот може да биде во тоа што јадете повеќе одошто мислите. Пишувањето на дневник на исхрана би можело да биде добро решение. Запишете сè што внесувате во организмот.

Навика бр.8: Не кревате тегови

Нема да изгубите килограми само со диета и кардио тренинзи. Режимот кој комбинира кревање на тегови и кардио програм создаваат идеални услови за губење на килограмите. Кревањето на тегови го забрзува метаболизмот за време на тренингот и многу време потоа.

Навика бр.9: Се откажувате

Престанете да се откажувате. Тоа е најважната работа која мора да ја научите ако сакате да ослабете. Грешки се случуваат, не можете секогаш да се контролирате пред нездравата храна. Простете си и продолжете со својот план на исхрана. Ако згрешите при еден оброк, тоа не ви дозволува да јадете нездраво цел ден.

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg