И ова ќе помине!

Вашето расположение е всушност голем лажливец. Може да ве заведе и убеди дека вашиот живот е многу полош од она што навистина е.

stanete-svesni-za-svoeto-raspolozenie-2

Кога сте добро расположени, животот изгледа прекрасно... имате перспектива, здрав разум, мудрост. Кога сте добро расположени, ништо не е тешко, проблемите изгледаат минливи и полено доаѓате до нивно решение.

Кога сте добро расположени, врската со партнерот ви цвета. Кога ве критикуваат, мирно ги прифаќате зајадливите коментари.

А, кога сте лошо расположени, животот наеднаш станува неверојатно тежок и сериозен. Скоро и да не гледате иднина. Сè сфаќате премногу лично и често погрешно го толкувате она што ви го кажуваат.

Во што е разликата?

Луѓето често не се свесни дека нивното расположение се менува многу почесто од тоа што тие мислат. Ние мислиме дека животот наеднаш станал грозен и тоа се случило во последните неколку часа. Така, некој може да биде наутро добро расположен, да си ја сака својата жена, работа, автомобил и да биде најголем оптимист кога е во прашање неговата иднина, а исто така добро се чувствува и со неговото минато.

Но, ако до пладне неговото расположение се расипе како резултат на некој надворешен настан, истиот тој човек ќе тврди дека ја мрази својата работа, дека има неподнослива жена и ѓубре од автомобил и дека кариерата му тапка во место. Ако го прашате за неговото детство додека е така расположен, веројатно ќе ви каже дека му било ужасно тешко. Нормално, за тоа ќе ги обвини своите родители.

Ваквите брзи и драстични контрасти може да изгледаат апсурдно, па дури и смешно – но сите ние сме такви помалку или повеќе. Кога сме лошо расположени, се руши цел свет. Во тие мигови забораваме дека кога сме добро расположени сè ни изгледа подобро.

Во зависност од расположението, идентични животни ситуации – ги доживуваме дијаметрално различно. Почнувајќи од тоа со кого сме во врска, каде работиме, каков автомобил возиме, какви ни се можностите.

Кога сме со лоша волја, место да го обвинуваме нашето моментално расположение, ние чувствуваме како да сиот наш живот е погрешен. И навистина сме убедени во тоа дека цел свет се распаднал пред неколку часа.

Вистината е дека животот никогаш не е лош, онака како што нас ни се чини! Па, наместо да останеме со лоша волја, убедени дека го согледуваме животот реално, треба да научиме да си ги преиспитуваме нашите мисли.

Зборувајте си сами на себе: „Нормално е што сум фрустриран, тажен, лут – сега сум лошо расположен. Секогаш вака се чувствувам кога не ми се нештата по волја.“

Кога сте лошо расположени, прифатете го тоа како една неизбежна состојба, која со тек на време ќе исчезне, не се возбудувајте многу околу тоа.

НИКОГАШ НЕ СИ ГО ПРЕИСПИТУВАЈТЕ ЖИВОТОТ ДОДЕКА СТЕ ЛОШО РАСПОЛОЖЕНИ! Такво нешто е еднакво со емотивно самоубиство. Ако имате вистински проблем, тој секако ќе биде тука и кога расположението ќе ни се поправи, но тогаш верувајте нема да изгледа толку страшно.

Следниот пат кога ќе западнете во депресија од било кои причини, речете си во себе: „И ова ќе помине...“

И ќе помине!

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
10 промени на вашите стапала што можеби укажуваат на здравствен проблем Додека студените стапала можат да бидат знак за слаба циркулација, отечените ста...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg