7 митови за сончањето

Температурите растат, а сончевите знаци стануваат немилосрдни. После долгиот зимски период, нашата кожа е чувствителна на најмала изложеност на сонце и треба многу да внимаваме.

Кои се 7те митови околу тоа што треба, а што не треба кога се станува збор за сончањето?

7-mitovi-za-soncanjeto-2

Мит број 1: Постојано користам крема за сончање, па можам понекогаш да си дозволам да се сончам и без нејзе

Многумина мислат дека е во ред понекогаш да се сончаат без заштитна крема, особено ако веќе имаат добиено тен. Тоа е всушност многу голема грешка, тврдат дерматолозите и научниците.

Повременото, но интензивно сончање во голема мера го зголемува ризикот од рак на кожа. Кожата секојдневно произведува доволно меланин за да се одбрани од малата изложеност на сонце, но интензивното изложување на сонце па макар и на кратко време, и тоа како може да ја оштети кожата и да го зголеми ризикот од рак.

Мит број 2: За доволно витамин Д, треба постојано да се изложуваме на сонце

На возрасен човек му треба, во просек 15 микрограма витамин Д на ден за да има цврсти коски и добар имунитет. Оваа количина се добива со само 10 минути престој на сонце, или со внесување на храна како лосос, јогурт и сок од портокал. Најдобар избор е сепак да го внесеме овој витамин преку храната, наместо да се изложуваме на сончеви зраци. Ако се внесува преку додатоци на исхрана треба да се внимава, бидејќи премногу витамин Д, може да предизвика болка во коските и жед.

Мит број 3: Речиси 80 % оштетување на кожата се случува пред 18 година

Околу 23% од оштетувањето на кожата се случува пред 18 година од животот. Тоа значи дека во текот на целиот живот треба да внимаваме на кожата и секојдневно да нанесуваме заштитна крема.

Мит број 4: Сонцето е опасно помеѓу 10 часот наутро и 16 часот попладне

УВ зрачењето е опасно дури и кога е облачно, посебно ако сте покрај море или езеро. Зраците кои вие не ги забележувате се рефлектираат од површината на водата и се двојно поинтензивни, па препорачливо е да се нанесува крема на секои два часа.

Мит број 5: На рацете и нозете не им треба посебна заштита, бидејќи не се чувствителни како лицето

Најчесто место на појава на меланом кај жените се листовите и торзото, па потребно е подеднакво да се внимава на секој дел од телото. Користете крема и носете тенка облека со долги ракави.

Мит број 6: Кремите за сончање се канцерогени

Една американска студија изведена на глувци, открила дека некои креми за сончање содржат оксибензон, кој го зголемува ризикот од меланом. Оваа состојка го пореметува производството на хормони во телото и заради оштетување на ќелиите го зголемува ризикот од рак на кожа. Но, тоа е што се однесува на глувците, а никаде не постои доказ дека вака влијае и на луѓето.

Мит број 7: Луѓето со темен тен не треба да се плашат од рак на кожа

Темната кожа содржи повеќе меланин од светлата, па затоа и темната кожа потешко гори на сонце, но тоа не е доволно. Луѓето со средно темен тен имаат природен фактор 13, но тоа не е доволна заштита од брчки и рак на кожа. Секој треба да користи крема со заштитен фактор 30.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg