На рачката од женските торба има повеќе бактерии отколку во тоалетот

Обичната женска торба носи на себе повеќе бактерии отколку еден просечен тоалет, покажува најновата студија. Рачката на секоја петта торба има толку бактерии што може да биде опасна и по здравјето.

na-rackata-od-zenskata-torba-ima-poveke-bakterii-otkolku-vo-toaletot

Со истражувањето кое го спровел хигиенскиот сервис Initial, откриено е дека највалканата работа во секоја женска торба е кремата за раце – тие во себе често пати имаат повеќе бактерии отколку што ги има на капакот од WC шолјата. Во нешто подобра состојба се сјајот за усни и маскарата, а најмногу бактерии се пронајдени во кожните торби поради нивната сунѓереста текстура која е идеална подлога за раст и развој на микроорганизми.

Piter Barat, техничкиот директор во компанијата Initial Hygiene, вели:

Торбите се во постојан контакт со нашите раце, но и со разни површини, па така ризикот за пренесување на бројни бацили е исклучително висок, особено ако сопственичката својата торба не ја чисти доволно често. Кога еднаш ќе дојдат на торбата, со рацете лесно се пренесуваат понатаму. За да се спречи контаминацијата, најдобра превенција е редовното миење и дезинфекција на рацете, како и чистењето на торбите.

Студијата која и претходела на оваа покажала алармантни резултати за хигиената во кујната и на работното место, кои се покажале толку валкани што може да предизвикаат и болести.

Ова истражување, кое го спровела истата установа како и претходното, покажало дека на површината на кујните и деловните простори има колиформни бактерии кои ги има во фекалиите. Се покажало дека исклучително опасни се површините на кои се цедат кујнските садови, бидејќи содржат дури четири пати повеќе колиформни бактерии од дозволеното.

Црвена зона исто така се и рачките од фрижидерите, но и микробрановите печки.

Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg