Што да пиете пред и после тренинг?

Како што се ближат летните одмори, така расте и нашата потреба да одиме во теретана и да сториме нешто корисно за нашето тело.

shto-da-piete-pred-i-posle-trening-1

Додека вежбаме, знаеме дека е многу важна храната која ја внесуваме и пијалоците кои ги пиеме, како пред вежбање, така и после тоа. Постојат пијалоци кои можат во голема мера да ни помогнат и да ни дадат енергија кога вежбаме, но постојат и такви кои можат да не забават.

На многумина им се случува да дехидрираат во теретана и треба да знаеме да ги препознаеме симптомите кога ќе дојде до тоа. Најчесто тоа е икање додека трае вежбањето, намалена физичка и ментална способност, грчеви, исцрпеност и топлотен удар.

Што да пиете?

Кафе

Изненадени? Внесот на мала доза кофеин ни ја зголемува нашата физичка издржливост и ја ублажува болката во мускулите по тренингот. Една студија покажала дека луѓето кои испиле две шолји кафе пред тренинг, можат да истраат подолго време во вежбање.

shto-da-piete-pred-i-posle-trening-2

Како функционира тоа? Кофеинот има способност да ја блокира болката во мускулите половина час, па затоа напијте се едно еспресо пред вежбање и потоа.

Стручните лица препорачуваат внес од 2,3 мг кофеин по килограм од вашата тежина, еден час пред вежбање. Доколку се придржувате кон ова, со сигурност нема да се случи да дехидрирате.


Сок од вишни

shto-da-piete-pred-i-posle-trening-5

Киселкастиот сок од вишни е богат со антиоксиданси кои го ублажуваат воспалувањето на мускулите и ги намалуваат отоците после тренинг. Едно истражување спроведено во Велика Британија покажало дека мускулите на тркачите кои редовно пиеле сок од вишни, побрзо се опоравуваат.


Чоколадно млеко

shto-da-piete-pred-i-posle-trening-4

Чоколадното млеко има соодветен баланс на протеини и јаглехидрати кои ги регенерираат мускулите. Една студија утврдила дека млекото поттикнува синтеза на мускулите. Освен тоа, натриумот и шеќерот го зголемуваат нивото на инсулин кој во телото ја задржува водата и ни ја враќа енергијата.


Пиво

Истражување спроведено во Шпанија покажало дека пивото побрзо од било кој друг пијалок го рехидрира организмот по вежбање. Исто како и чоколадното млеко и пивото го има оној совршен баланс на протеини и јаглехидрати кои помагаат телото да закрепне по физички напор.


Што не смеете да пиете?

 

shto-da-piete-pred-i-posle-trening-3

Енергетски пијалоци. Тие во себе содржат огромно количество на шеќер и кофеин кои можеби ќе ви помогнат да си ја вратите силата, но истовремено ќе ги убијат резултатите од вежбањето.

Би можело да ве интересира:

Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Дали ишијасот е знак за сериозен проблем и колку долго трае болката? Оние кои имале ишијас ќе ви кажат дека во животот не почувствувале полоша и поси...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Што ќе се случи ако почнете да спиете без пижами, дури и кога е студено? Се верува дека спиењето без пижами може да ви помогне побрзо да заспиете и да им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg