Зошто понекогаш ни игрaат очните капаци?
Играњето на долните и горни очни капаци докторите го нарекуваат миокимија. За среќа, освен што иритира, ова е спонтано грчење на ситните мускули и во девет од десет случаи не е сериозен медицински проблем.

Иако не е сериозно, играњето на очните капаци не треба да го трпите ако ви се случува секојдневно.
Дознајте која е причината за оваа појава и преземете нешто.
Стрес
Стресот е главна причина за играњето на очниот капак. Обично трае недела до две, додека ви трае стресот. Тоа е составен дел од животот, но многу важно е да научите како да се носите со него. Затоа, што побрзо научете како да се опуштите, научете неколку вежби, повеќе спијте и организирајте се подобро.
Кафе
Многу стручни лица сметаат дека стимулансите како што е кофеинот го предизвикува несвесното мрдање на капаците. Посебно кога кафето го пиете неумерено. Ако неодамна го зголемивте количеството на кофеин време е да го намалите. Внимавајте и на количеството на течности, па затоа покрај секоја чаша кафе пијте и една чаша ладна вода.
Недостаток на магнезиум
Недостаток на минералите, најчесто на магнезиум може да доведе до миокимија. Ако проблемот потрае, проверете го нивото на магнезиум. Јадете спанаќ, бадеми или пак земајте суплементи од овој минерал.
Суви очи
Претерано сувите очи може да бидат последица од стареење, нанесување на контактни леќи, но и да се појават како несакано дејство од користење на некои лекови. Користете вештачки солзи или пак чиста, ладна вода во очите. Тоа ќе го намали несвесното мрдање на очните капаци.
Напрегање на очите
Голем број на навики доведуваат до напрегање на очите и непријатно мрдање на очните капаци. Некои од најчестите се избегнување на очила за сонце, не носите соодветни очила за пред компјутер или за читање или пак долго гледате во нешто што зрачи светлина. Очите мораат добро да се одморат!
Последица од сериозна болест
Понекогаш мрдањето на капаците може да биде и знак дека боледувате од некој потежок медицински проблем. Затоа, доколку направивте сè што можевте, задолжително упатете се кон доктор. Не ризикувајте.
